Стогодишно исечено дрво стана мала библиотека

10.01.2019 02:55
Стогодишно исечено дрво стана мала библиотека

Благодарение на непрофитната организација „Little Free Library“(Мала бесплатна библиотека), семејство во Ајдахо успeа да направи библиотека во својот двор, издлабена во 100-годишниот труп на дрво кое морало да биде исечено.

Шарли Армитаж Хауард, која работи како библиотекарка и претходно студирала книговезарство, ја предводела комплексната инсталација на нејзиниот тревник.

Библиотеката, исто така, располага со внатрешно и надворешно осветлување, за да му даде на просторот екстра-домашен сјај, како и „покрив” над врвот на трупот за да се спречат лошите атмосферски влијанија. Сите книги се позајмуваат бесплатно.

Програмата „Little Free Library“ постои во 88 земји, со над 75.000 регистрирани мали бесплатни библиотеки.

Извор:My modern Met