Откриена нова планета, трипати поголема од Земјата

10.01.2019 11:01
Откриена нова планета, трипати поголема до Земјата

Научници од американската агенција НАСА на редовниот годишен собир во Сиетл соопштија дека сателитот Тес открил нова планета надвор од Сончевиот Систем, која е трипати поголема од Земјата.

Новооткриената планета, наречена HD 21749, сместена е во соѕвездието Ретикулум и кружи околу светла, џуџеста ѕвезда што е оддалечена од Земјата 53 светлосни години.

Според првите анализи, новооткриената планета има најдолг орбиталeн период меѓу планетите што досега ги идентификувал Тес. Нема изразени сличности со планетите од Сончевиот Систем.

Иако годината на новооткриената планета трае драстично пократко во однос на Земјата, таа е петпати подолга од годината на планетата „супер земја“ и трипати подолга од годината на планетата LHS 3844. Се работи за две планети што минатата година надвор од Сончевиот Систем исто така ги идентификува телескопот Тес.

Експертите наведуваат дека новооткриената планета е сместена во атмосфера на тешки гасови и дека содржи поголема количина вода поради што е и до 23 пати потешка од Земјата.

Проценката е дека просечната температура на површината на планетата изнесува 150 степени Целзиусови.

Детален извештај за новото откритие во вселената објави списанието The Astrophysical Journal Letters.

НАСА кон средината на септември минатата година со помош на ракетата Falcon 9 во вселената го лансираше сателитот Тес.

Задачата на сателитот е во текот на двегодишна мисија да истражува небесни тела надвор од Сончевиот Систем.

Извор: 6uka.com

ОкоБоли главаВицФото