Конкурс за „Рукописи 42“

11.01.2019 10:37
Конкурс за „Рукописи 42“

Домот на млади од Панчево ги повикува сите заинтересирани млади автори да испратат свои текстови на овогодишниот 42 по ред конкурс за „Рукописи“ – Зборник на поезија и кратка проза од млади автори од просторите на поранешна Југославија. Конкурсот ќе биде отворен до 17 февруари 2019 година, а право на учество имаат автори помеѓу 15 и 30 години, кои пишуваат на екс-Ју јазиците и на јазиците на националните малцинства. Треба да се испратат: до 3 песни и/или раскази: песните не подолги од 2, а расказите не подолги од три чукани страници (значи, до 7000 карактери, големина на фонтот 12), потпишани со полно име и презиме, година на раѓање, адреса, место на живеење и држава, број на телефон и мејл (Ве молиме податоците да го внесете во содржината на мејлот, и во атачментот со текстовите на врвот од страницата) на: zbornikrukopisi@gmail.com или на адресата Doma omladine, ul. Svetog Save 10, 26000 Pančevo, Srbija (со назнака „за Рукописе 42“). Не е задолжително да се испраќа на двете адреси, туку по избор, по обична пошта или по електронска, а предност има електронската пошта. Ги молиме авторите да ги почитуваат правилата на конкурсот и рокот за испраќање на текстовите! Текстовите што ќе стигнат по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

„Рукописи 42“ ќе излезе од печат на почетокот на мај оваа година, а во текот на мај планирана е и промоција во Панчево, односно дводневен фестивал. На авторите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија и Црна Гора што нема да имаат можност да дојдат на промоцијата на Зборникот примероци ќе им бидат испратени по пошта.