Јебеш човек што сака секс!

11.01.2019 17:30
Јебеш човек што сака секс!

Новата година се дочека на сите четири.

 

Шмизла јаде препичено лепче.


Извини што одма ти реков да кренеш нозе, професионална деформација од премногу усисување ми е.


Луѓето ги сакам на особна температура.


Јебеш човек што сака секс.


Не можам сега. Имам премногу за преправање дека имам многу за правење.


Не знам да пливам, ама не се давам оти сум своја.


Дозволив да ме понесе атмосферата и сега не знам кај сум.




Можеби животот ми е комедија, но божествена е.


Би ви пишувала и за смислата на животот, но стварно нема смисла.


Не се сите ништа исти.


И кола можеш да претвориш во оклопно возило, ама треба да ти тенкне.


Mи треперат гласните жици, прости ми, тремолам.


Глупост е да преземеш сѐ во свои раце, а да се испуштиш себе.


Извини што ради мене пропадна во земја на погребот.




Не мора да учиш повеќе за да бидеш попаметен, може и помалце да збориш.


Знаењето предизвикува „не знам“.


Учи учи не се догрешува.


Со стареење стануваш твојот мозок, затоа се збрчкуваш.


Пчелка збира мед во цутот на младоста.


Геометриска фигура во трето доба: тродимензионер.


Се продава баба на парче?! Бабини деветини.


Им се налутив на зборовите и веќе не си играм со нив.




Пердето станало болно љубоморно на милјето и се обесило на корниз.


Чоканчето долго ѝ се пуштало на криглата. Во еден момент таа му се сипала: „Ама не може да идеме, јас и ти немаме допивни точки!“


Кога го видe сирењето, глушецот се стапица.


Болна вуница бара глуварче за орган донор.


Срничка слуша бамбиентална музика.


Кокичето е весник на пролетта, качунката е жута штампа.


Дадаист и нихилист почнале ноуп-арт култура. Не само што била бесмислена, туку и немала никаква смисла.




- Многу блеска елката?
- Така сијаличи.


- Како го пиеш џинот?
- Од ламба.


- Во тебе се гледам себе.
- Си се препознал.


- Да си жива и здрава.
- Не ми прави притисок!


- Имате од оние влечкине, како се викаа?
- Ipanema.
- Ништо тогаш, фала, пријатно.


- Ќе боксувам во категорија пердув.
- Со лесно.


- А ти, зошто ништо не си нацртала?
- Нацртав магија и ми го снема цртежот.

Слики: Брадестиот Џо

ОкоБоли главаВицФото