Регина спие

12.01.2019 14:41

Прва цигара. После четириесет години.

Излегов во есенскиот болнички парк
само за да можам да пушам.

Седам на мека клупа
и пушам.
А ти лежиш горе.
Седам под тежок орев
и пушам. А ти лежиш на грб.
А крвта ти тече на струја.
А телото се грчи.
А срцето се мушка
заробено во тело без слух.

Се лизгам низ клупата
солза ‒ јас.
Да сум само пет минути пред смртта
јас да лежам горе
пред крај
а ти да пушиш
на клупа
ко солза овде.

Ја газам цигарата
во есенското лисје
да ги промешам боите.

Кружам околу болницата.
Го барам твојот прозорец.
Жолтеникавите завеси
сите изгледаат исто. Х3

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото