Прва годишна стрип награда „Лифт“

14.01.2019 19:08
Прва годишна стрип награда „Лифт“

Пристигнаа стрипови од 22 автор(к)и.

Се ближи моментот на доделувањето на првата годишна стрип награда„Лифт“ за 2018 година. Во конкуренција се 22 стрипа (всушност, 26, бидејќи Христо Петревски испрати пет кратки стрипови). Подолу можете да го видите списокот со пристигнатите стрипови.

Овде, почитувани читатели, можете да го видите конкурсот.

Резултатите од конкурсот ќе ги објавиме на Окно при крајот на месецов.

Доделувањето на наградите ќе се случи на 1 февруари 2019 години во 20 часот во МКЦ. Ќе биде организирана и изложба на пристигнатите дела, а најдобрите десетина стрипа ќе бидат и испечатени во посебна публикација.

Целта на наградата е да ги промовира и афирмира овдешните стрип автор(к)и, но и да го унапредува стрипот како (кај нас запоставен) медиум. Втора важна цел е да придонесеме за развојот на македонската културна сцена и во поширока смисла, промовирајќи нови креативни актери, нови културни настани, поинакви пристапи и стилови на полето на културата - со што сакаме да придонесеме за плурализацијата и шаренилото на овдешниот недоволно развиен културен простор.

Жирито на наградата „Лифт“ го сочинуваат: Никола Гелевски, Јана Јакимовска, Ласко Џуровски и Владимир Битољану.

Донатор на првото доделување на наградата „Лифт“ е Град Скопје.

 


ПРИСТИГНАТИ СТРИПОВИ ЗА НАГРАДАТА „ЛИФТ 2018“

Владимир Трајановски

Црвена

(2 стр.)


Снежана Герасимоска

Нов ден

(13 стр.)


Марија Николаевска

Сите сме разнобојни

(6 стр.)


Јордан Коцевски (сценарио) и Дарко Богданов (цртеж)

What a wonderful world

(4 стр.)


Софронија Шарламанов

The Last Drink

(2 стр.)



Тео Марковиќ

Ilove (Скопје 2042)


(11 стр.)


Златко Алексоски

Крал Марко

(11 стр.)

Јована Велинова

Борба до вистината

(4 стр.)



Александар Илиевски (илустратор) и Јордан Коцевски (сценарио)

Да се биде суперхерој

(5 стр.)

Зоран Павловски

Stopman

(1 стр.)


Никола Ѓорѓиевски-Кишо

The eldritch bewitching

(5 стр.)


Кристина Неделковска

На опашката од китот

(9 стр.)


Никола Панов

Круг

(14 стр.)

Стефан Николовски

The Letter

(10 стр.)


Виктор Гаврилоски (сценарио); Магдалена Мирческа (цртеж)

Post Doom

(6 стр.)Оливер Цветковски

Мафијашот, глувонемиот книговодител и отец Рафаело

(6 стр.)


Дамјан Божиновски

Мијамотовиот пат

(6 стр.)

Тоде Ристо Блажевски

Изненадување

(1 стр.)

Лазар Ангелков

Никогаш не пукај во поштарот

(3 стр.)


Александар Стеванов (сценарио и сенчење) и Дарко Богданов (молив и туш)

Надежта е нешто пердушесто

(12 стр.)


Христо Петрески

(5 различни стрипови)

(33 стр. вкупно)


Ивана Стоимениовска

Забранетиот град

(11 стр.)