„Емоции за еден град"– изложба за подобро утре

15.01.2019 02:35
„Емоции за еден град"– изложба за подобро утре

Изложбата „Celebrate Life/ Емоции за еден град“ на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде отворена на 18 јануари (петок) во галеријата Акантусво Дебар Маало, со почеток во 20 часот.

Оваа изложба опфаќа илустрации кои што се цртани во периодот од 2014 до 2017 година. Секоја од нив засебно е карактер кој пренесува по некоја мисла за надеж и повторно оживување на самиот град, како и што претставува градот за луѓето и како тие би го подобриле во иднина.

Илустрациите се инспирирани од реални ситуации од секојдневието и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот. Загадениот воздух е токму темата која што ќе ја обработува изложбата, а истата е инспирација и за новата капсулна колекција на дуксери која што ќе биде промовирана во рамки на изложбата.

Изложбата ќе биде отворена до 29 јануари 2019 година.

„Проектот Емоции за еден град“ е финансиран од Фондација Отворено општество - Македонија

Горан Костовски - ind.o.g е арт директор, дизајнер и видео уметник роден 1983 година во Скопје. Свое дело првпат изложил во 1998 година, а оттогаш до денес учествувал во низа самостојни и групни презентации, како и видео перформанси. Изложувал во Скопје, Париз, Амстердам, Берлин, Цеље. 

ОкоБоли главаВицФото