Министерот ми направи услуга да не бидам соучесник во тоа што следува

15.01.2019 02:16
Министерот ми направи услуга да не бидам соучесник во тоа што следува

Меѓу првите честитки во Новата 2019 ми беше и од министерот за култура со известување дека „нема потреба од мое понатамошно ангажирање како стручно советодавно лице за креирање на културни политики за 2019 година“.

Јас, наивен, мислев дека реформите допрва почнуваат, а тие штотуку - завршиле!

Но, од друга страна, мислам дека министерот ми направи услуга да не бидам соучесник во тоа што следува. Морам да најдам начин да му се заблагодарам.

Но, уште едно „но“: ова се паѓа токму на 20-годишнината од моето прво „заблагодарување“ - да не речам бркање - од Министерството за култура. Тогаш, во таа 1999 година, тогашниот министер Димитров односно ВМРО-то ме шутнаа, не ми се ни заблагодарија. Сега, после цели 20 години, овие од СДСМ односно нивниот коалициски партнер, тоа го прават барем со благодарница! Судбина.

 

ОкоБоли главаВицФото