Осум занимливости за сексот

06.10.2010 10:12
Осум занимливости за сексот

Човечката сексуалност сè уште крие многу тајни. Пребарувајќи по непресушниот извор на информации – интернетот – наидовме на неколку помалку познати занимливости за сексот, па решивме да ги споделиме со вас.

1. Вибраторот изворно се користел како помошно средство во лекувањето на женската „хистерија“ во 19-от век. Оргазмите, кои жените ги доживувале со помош на вибраторот, им помагале на лекарите во смирувањето на симптомите на мачнина и хистерија.

2. Машкото семе содржи цинк и калциум кои докажано ги штитат забите од кариес.

3. Познатиот вибратор „Rabbit“ (Зајак) својата слава ја стекна благодарение на исклучителните... хм... резултати, но и на чудното насмеано лице на неговиот врв. Според списанието Women's Health, загадочната насмевка е додадена поради конзервативноста што владеела на јапонскиот пазар, поради што жените не сакале да користат вибратори кои премногу ги потсетувале на фалус.

4. За време на Втората светска војна многу војници се вратиле во своите домови со полови болести, што ја чинело американската влада милиони долари медицински трошоци.

5. За 30 минути активен секс се трошат отприлика 200 калории.

6. Долниот дел од бурлескните костими, како што ги носи Дита фон Тис, изворно биле користени како „срамни перики“ за проститутките од 15-от век. Таквиот дизајн им помагал да ги скријат симптомите на сифилисот или некои други полови болести.

7. Казните за неверство во Хонг Конг често се многу поголеми од износот за месечна алиментација за дете – според тамошнот закон, изневерената жена смее да го убие сопругот доколку ја измами, но притоа и’ е дозволено да ги користи само – рацете.

8. Продажбата на сексуални помагала и играчки сè ушште е забранета во сојузните американски држави Алабама и Мисисипи.

ОкоБоли главаВицФото