Внатрешна политика

16.01.2019 14:15
Внатрешна политика

Внатрешна политика

За да пишувам поезија, се затворам в глава. Светот е веќе таму, подготвен за обработка, интензивен и полн. Постои ли шанса за песна, се шмугнувам во својата глава како светлото во светилката. Со себе ги вовлекувам рацете и нозете, вратот и ушите, рацете и нозете, вратот и ушите. Колку раце и нозе имам, вратови и уши, тоа само Бог знае. Се надевам дека ќе го дочекам Бог, за низ неговото о да ѕирнам како низ шпионка. Којзнае со што се забавува Бог додека го чека постоењето. Јас се затворам в глава и пишувам поезија. Со себе ги вовлекувам рацете и нозете, вратот и ушите, рацете и нозете, вратот и ушите. Мојата визија за внатрешна политика: стискам палци за чудо.

 

Невозможна градина

Секирата е тапа, цепеницата тврдоглава. Денот нѐ остави на опашката и помпезно продолжи понатаму. Колку ли трачеви пресретнува грмушката со своите приемници, би можела хроника да пишува. Бадник, а ние во крпчиња, кој го видел тоа! Крушката си вообразува дека е пролет, се поткрева потпалена од слатката илузија. Те фаќам, а ти запнуваш. Каква невозможна градина: работи по аршините на сонот! Се валкам и се потам, а никако нешто да вообличам, секоја моја интервенција е однапред осудена на неуспех. Мачката во меѓувреме загризала во птицата, соочени сме со готов чин.

Извор: filozofskim.blogspot.com
Фотографии: Christine Guibert
Превод: Ѓ. З.

ОкоБоли главаВицФото