Охрабрувачки: 100 проценти од политичарите не сакаат да си заминат од Македонија

17.01.2019 11:36
Охрабрувачки: 100 проценти од политичарите не сакаат да си заминат од Македонија

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 17 јануари 2019, (Пара вести) – Сите македонски политичари иднината ја гледаат во својата земја и ја отфрлаат можноста за преселба во странство, покажува најновото истражување на Институтот за применета политикологија и миграција од Македонска Каменица.

Ваквиот тренд буди оптимизам и фрла светлина надеж на, инаку, трагичната демографска слика во Република Македонија.

– Истражувањето е направено на репрезентативен примерок од 3000 политичари, а сите до еден покажаа јасна намера да останат во Македонија и овде да го градат својот живот – вели д-р Мирко Вселенов од Институтот во Каменица. – Резултатите се потполно униформни за сите испитаници без оглед на пол, години или статус. Можноста за заминување од Македонија децидно ја отфрлаат сите со кои разговаравме. Ваквиот тренд радува затоа што покажува дека Македонија успеа да направи пресврт во негативните демографски движења и да го запре одливот на кадри од земјата – заклучува д-р Вселенов.

Менталитетот на луѓето, можноста за напредување во кариерата, сигурноста на работата се само некои од предностите на животот во Македонија, се согласуваат политичарите со кои разговаравме.

– Не постојат пари што ќе ме натераат да ја напуштам Македонија – јасен е Младен Азнољубов – потпретседател на општинската организација на СДСМ во Пехчево. – Работа за политичарите секогаш има, платата е сигурна, а можностите се речиси неограничени. Знам дека сите мислат дека на некое друго место е подобро и полесно, ама, благодарение на службените патувања, доста го прошетав светот и со сигурност можам да кажам дека во Македонија најубаво се живее и дека никаде нема вакви луѓе – порача тој.

Прилагодено од: njuz.net

Илустрација: Небојша Гелевски - Бане, по инспирација од илустрација на Петар Писместровиќ