Леле сега кога ќе почне сезона на парење, па инхалации па чуда

18.01.2019 18:19
Леле сега кога ќе почне сезона на парење, па инхалации па чуда

 


Шпагетава се вика Ал. Ја сакам ко свое денте.


Тешко е да се одлучиш меѓу качамак и палента, од иствкуство ти кажувам.


Ракија got my џигер in марамица.


И јуфките се сварија, а ти уште си ми тарана.


Јуфки се неорганизиран бурек.


Фиде е смотана шпагета на диета.


Калцоне е интровертна пица.


Грав без лук е ко народна песна со лудо а без младо.


Киндер со праз.


Чунга лунга прави инсектариум од Хуба буба.

Мислев, предолго надвор го оставив сирењето, ама мувла не го лази.


Период од годината: Тераса ми е, фрижидер ми е.


Леле сега кога ќе почне сезона на парење... па инхалации па чуда.


Мачката ми полага за осмица меѓу нозе.


Толку се сконцентрирав што екстрактот од мене е пак јас.


Еден ден ќе си дојдеш на себе и ќе нема жив човек да те пречека.


Не ставам обетка под носот оти тоа ми е неподносливо.


Не можам да научам како се ракува со скалпел, никако не ми влага у глава.


Биолошки часовници органски не подесувам.

Еј ти! Сврти се малку во моја корист!


Многу ти е пријатно здравото.


Правам грешки, ама бар се лични.


Сакам од сѐ по нежно.


Ќе ти симнев капа, ама ми се имаш качено на глава.


Отпушок од човек се вика никаквец.


Да знаевме подобро да ја држиме устата затворена може ќе живеевме во вода.


Да имав јајца ќе го замесев „Кога ќе ти дојде јајцето на газот" во статус, ама немам г'з за такво нешто.


Секогаш кога ќе осетите глад, студ или потреба за љубов, сетете се дека еве јас имам статус за тоа.

Ситото ѝ рекло на инката: Не знаеш што пропушташ!


Смев и смешкање се натпреваруваат во скокот во далечина.


Земи малку забриши со крпата, не ти ја купив да ти собира прашина.


Го научи магичното зборче хокус за да не останe покус.


Фрлале паричка, дали да пресудат гилотина - и паднало глава.


За сѐ постои логично оплескување.

- Лупите многу помагаат за појасно гледање на работите, а слушнав и дека зумираат - ѝ објаснува компирот на лупалката за компири.
- Мислам дека ние лупалките сме еволуирале од лупи, со постепено губење на стаклото во процепот меѓу сечилото и рачката - се надоврзува лупалката.
- Стварно?!
- Не знам де, само лупам.

Карикатури: Пираро

 

ОкоБоли главаВицФото