Дрисла гори, баба се чеша

23.01.2019 16:31
Дрисла гори, баба се чеша

Медицинскиот отпад што се гори во депонијата Дрисла е зголемен за 7,7 пати од 2000 до 2017 година.

Во 2000-тата година количината на медицински отпад кој се горел изнесувал 100 тони, за да во 2012 година стигне до 500 тони ваков отпад, што е максимален капацитет на депонијата.

Драстично зголемување за повеќе од 200 тони имало во 2016 година, за да достигне 891 тон во 2017 година. Податоците се од Д.О.О Дрисла.

Извор: Рефлектор