Bohemian Rhapsody: Со цензура против хомосексуалноста

24.01.2019 13:31
Bohemian Rhapsody: Со цензура против хомосексуалноста

Ѕвездата на серијата „Мистер Робот“ го толкуваше и ликот на Фреди Меркјури, во филмот за чија реализација беа потребни неколку години за конечно да се појави во кината насекаде низ светот, наспроти судирите на екипата на филмот со членовите на групата Queen – Брајан Меј и Роџер Тејлор – кои не се согласувале со одделни точки на кои се фокусира филмот.

Малек и порано искажувал незадоволство што се запоставени геј-аспектите од животот на Меркјури, кој со текот на годините стана квир-икона, и зборувал за тоа дека би било неопходно филмот да се позанимава и со односот што Меркјури го имал со Џим Хатон, пред да почине од болеста што имала врска со AIDS.

Во интервју за австралискиот WHO магазин Малек повторно изразил незадоволство, и истакнал дека мисли дека би било неопходно филмот повеќе да се позанимава со односите што Меркјури ги имал со мажи, а поради тоа што тој аспект од животот бил тесно поврзан и со уметничкото дејствување на квир-иконата. Така, смета дека филмот прикажува стерилна верзија на покојниот пејач, со што публиката, но и LBGTIQ заедницата, се лишуваат од клучни моменти што се важни не само за музичката, туку и за квир-историјата.

Саша Барон Коен, кој за улогата е планиран пред Малек, се повлече пред почетокот на снимањето на филмот, поради, како што подоцна објасни, обидот останатите членови на групата Queen да филтрираат сцени и да ја „прочистат“ приказната за покојниот Меркјури. Коен барал во филмот да има „експлицитни геј-сцени“, додека Малек се концентрирал на односот со последниот партнер, со кого Меркјури бил во некој вид животно партнерство.

Проблемот дополнително се зголемил кога се дознало дека во некои верзии од филмот за интернационалниот пазар геј-сцените се потполно цензурирани, и дека ликот на Џим Хатон речиси воопшто не се појавува. Така, на верзијата што е прикажувана во Малезија ѝ недостасуваат речиси 20 минути од филмот, а поради тоа што, како што е објаснето во соопштението, се промовира хомосексуалноста.

Извор: www.xxzmagazin.com

ОкоБоли главаВицФото