„Една слика - една можност“ - повик за уметници

24.01.2019 13:01
„Една слика - една можност“ - повик за уметници

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ги поканува сите уметници од Македонија да донираат уметнички дела за прибирање средства за децата и семејствата жртви на семејно насилство – штитеници на Првиот семеен центар во Град Скопје (ПСЦ).

Уметничките дела ќе бидат изложени на донаторскиот настан (аукција) „Една слика – една можност“ што ќе се одржи во првата половина на 2019 година, а собраните средства ќе се искористат за психо-социјална поддршка за децата жртви на семејно насилство, за организирање креативни катчиња и за обезбедување училишна опрема и детски пакети со нутритивни намирници и средства за хигиена.

Првиот семеен центар во Град Скопје е првото специјализирано советувалиште на ХЕРА кое им нуди советување на семејства кои се во конфликтни односи, семејства во кои акутно се врши насилство или, пак, во кои постоело семејно насилство. Во 2017 година, во ПСЦ се дадени 876 услуги на 208 корисници од кои 90 биле жртви на семејно насилство, 29 сторители на семејно насилство, 43 малолетни деца, а 46 – други членови на семејството.

Сите оние уметници кои сакаат да им помогнат на деца и семејства жртви на семејно насилство, треба да донираат барем едно свое авторско дело најдоцна до 15 март 2019 година и да го пополнат следниот формулар.
Лице за контакт: Васка Цветаноска Панова (02/ 3 290 395 (лок. 113), vaska.panova@hera.org.mk).

 

 

 

ОкоБоли главаВицФото