Судбината на Лениновите споменици

07.10.2010 11:57
Судбината на Лениновите споменици

Тешко дека некој друг светски водач може да се пофали со толкав број подигнати споменици како најмоќниот комунист, револуционер, своевремено државник, писател и филозоф – Владимир Илич Ленин.

Во неговата бурна биографија сликите се менуваат како на акционен филм. Роден е 1870 г., а веќе во 1886 останува без татко, додека една година подоцна неговиот постар брат Александар е обесен по пропаднатиот обид за атентат на царот Александар II. Меѓутоа, Ленин не бил спречен во настојувањата наспроти овој крајно неповолен развој на настаните без поголеми по проблеми да запише студии по право, бидејќи властодршците не му се одмазиле на семејството поради бунтовничкиот чин на братот, но подоцна, штом Ленин бил забележан на студенстките немири, бил исклучен од универзитетот. Откако марксистичката организација во Санкт Петербург ќе биде разбиена од страна на властите во 1895 г., тој ќе биде затворен една година, а потоа осуден на тригодишно прогонство во едно сибирско село. Таму тој почнува да ја развива теоријата според која капитализмот ќе го именува за најголем непријател на работничката класа, односни, на сите обични луѓе. Преку проширувањето на сопствените ставови подоцна ќе го создаде поимот кој во комунистичката идеологија важи за еден од најпознатите – ленинизмот.

Без разлика на тоа какви мислења преовладуваат за него, никој не може да ја оспори неговата историска трага, како ни фактот дека еден дел од светот што денес го познаваме е изменет и обликуван токму под дејството на потресите предизвикани од Октомвриската револуција на чие чело се наоѓал токму Ленин. Еден западен мислител за него изјавил: По немилосрдниот снег на историјата овој човек газеше силно и длабоко. Затоа и не чуди толку распространетиот култ кон лидерот чиј живот траел релативно кратко, до 1924 г.

Дека ореолот на поранешниот државник не се изгасил долго по неговата смрт покажуваат и бројните споменици кои сè до распадот на Советскиот сојуз во неизменета состојба се наоѓаа во Естонија, Русија, Белорусија, Молдавија, Украина. И денес речиси секој поголем град на територијата на поранешниот СССР има по еден Ленин. Но кој е рокот на траење на една политичка фигура? Кога се случи распадот на СССР многу од поранешните републики тргнаа да ги отстрануваат спомениците на Ленин без овластување, па дури и без знаење на уметниците кои ги направиле. Штом железната рака го попушти својот стисок сè почна да се враќа на она како што си било. Од срцето на Москва во 1991 г. беше отстрането и самото балсамирано тело на Ленин. Сепак, многу негови споменици се зачувани и до денес, а некои нови се подигнати во Русија и Украина за потребите на одбележување на некои поважни историски датуми. Две нови неодамна беа подигнати на истокот на Украина, каде живее бројно руско население. Критичарите на минатото овој потег го гледаат како чин на бескорисна тврдоглавост, додека други, со доза на провокативност, проценуваат дека тоа не е ништо повеќе од рефлекс на мртов комунистички коњ.

Како и да е, на Лениновите споменици, кои често насилно биле негувани низ еден одреден историски период, им се заканува период на неизвесност што се однесува на нивното зачувување на сцената. Во Украина, во сооднос на приликите во кои функционира актуелната политичка ситуација, минатата година во Киев приврзаниците на десната национална струја практично навалија на тамошниот споменик на Ленин. Неколкумина од нив се качија на скала до лицето на Ленин и со чекан му ги искршија лицето и едната рака. Украинските националисти уште од поодамна бараат отстранување на бистите од центарот на Киев, но левата струја која е на власт не дозволи такво нешто.

Од понов датум е случајот од Калининград каде споменикот на Ленин целосно беше преобоен со портокалова боја. Локалните власти веднаш реагираа и започнаа со негово чистење, што ги чинеше неколку часа и 700 долари. Истиот споменик претходно веќе еднаш беше преобоен со црна боја. Локалните комунисти во ваквиот чин видоа обид да се спречи нивниот марш кој одбележува годишнина од болшевичката револуција.

Но ако Калининград плати ситни пари за санирање на штетата, тогаш Санкт Петербург плати скапа цена. Во април 2009 бронзениот споменик на Владимир Ленин го оштети силна детонација. За негово реновирање требаше да се издвојат околу 8 милиони рубљи, или 236 000 долари. Овој споменик е поставен во 1926 г. на местото каде што во 1917 г. Ленин го одржал својот познат говор по враќањето од прогонство.

Покрај политичките натегања и детонации постојат и неколку поведри моменти. Оваа година некој непознат уметник во едно село близу рускиот град Брајнс го преобоил локалниот споменик на Ленин на тој начин што овој комунистичкки водач повеќе потсетувал на циркуски кловн. Така обоениот Ленин делувал освежено. Неодамна се случи уште еден настан, каде во еден друуг руски град преку фигурата на Ленин биле нанесени розеви кругови. А потоа, во трет руски град се случи уште нешто. На некој локален шегаџија му текнало преку главата на Ленин да ја наметне популарната маска од филмот „Вресок“.

Да се надеваме дека ова се оние моменти во кои на светлото од денот излегува она што веќе одамна се подготвува во подземјето на уметноста. Руската уметност често сака да изнурне токму од некое подземје. Да се потсетиме само како сега веќе познатиот Банкси ја започна својата кариера. Зарем неговиот прв настап не беше окарактеризиран како првокласен скандал – преобои свиња во традиционалната сина боја на англиските полицајци? Токму неговите субверзивни чинови го лансираа меѓу водечките подземни уметници од средината на 1990-те години.

Засега, барем во јавноста, не е изнесен никаков план во врска со спомениците од минатото кои имаат советски контекст. А самите власти не сакаат да предизвикуваат непотребни бранувања меѓу месното население. Едно е сигурно – за повеќето луѓе повеќе не постои авторитет на кој не може да му се фрли боја.

Извор: P.U.L.S.E.

Колку за информација : во

Колку за информација : во францускиот град Монпелие (320 000 жители), некаде околу 19-ти септември оваа година е поставен бронзен споменик на Ленин, висок 3,5 метри, заедно со спомениците на Шарл де Гол, Черчил, Жорес и Рузвелт.
Во присуство на руската телевизија и градоначалникот на Монпелие - се подразбира.
Милитантите на Европа Екологија навестуваат дека ќе го отшрафат Ленин, не веднаш, кога ќе им или му дојде време.
Новинарите се прашуваат дали Саркози ќе му нареди на префектот да го штити изборот на споменици. 
Ете.. 

Слични содржини

Општество / Култура
Општество / Теорија / Историја
Никола Гелевски
Општество / Јавни простори
Општество
Општество

ОкоБоли главаВицФото