Џони Штулиќ: Тито беше прекрасен човек

25.01.2019 01:22
Џони Штулиќ: Тито беше прекрасен човек

Кога со избивањето на војната во Југославија дефинитивно ги напушти овие простори, не беше едноставно да се натера Бранимир Штулиќ на разговор. Сепак, новинарот Александар Павковиќ успеа во телефонски разговор, сосема непретенциозно, да го сними разговорот со Џони. Тој денес има 65 години, а 27 години живее во Холандија како апатрид и личност без никакви документи. На снимката зборува мешано со српска екавица и елементи како хрватската патерица „не“? Снимката од разговорот е опсежна и сигурно е интересна за сите почитувачи на поп-културната легенда каква што е фронтменот на Азра.

Ликот кој ја опишуваше слободата во своите песни, сега за неа ја изнесува својата нова теорија: „Најстариот запишан збор во историјата е слободата, 2100 година пред Новата ера, во Сумер. Во буквален превод значела „во мајчината“... И навистина, тој збор е еден од најстарите некогаш запишани, колку што е познато. Изразот „ама-ги“ се користел за да се означи ослободувањето на робовите од долгови или обврски. Зборот е составен од именката „ама“, што значи „мајка“ и наставката „ги“ која упатува на повратно дејство. Според тоа зборот „ама-ги“ како „слобода“ во јазикот на Сумеријците буквално се преведува како „враќање во мајката“.

Во еден момент од разговорот Штулиќ се присети на луѓето кои многу ги ценел и ги цени. Еден од нив беше Арсен Дедиќ. А другиот... „Тито навистина беше голем човек... Никогаш не бев мал пионер, но тој ми беше... како да кажам... Тогаш воопшто не го забележував. Некако чувствував дека тоа е во ред, но и тогаш бев сосема свесен дека тој е фантастичен човек. Мислам, никој не е совршен, еј, далеку од тоа, но во тие околности... Знаеш, ништо не е сменето кај луѓето, а тој со истите тие луѓе со таков квалитет го направи она што никој не би го направил ни за милион години“.

На забелешката на новинарот дека некои го сакаат Тито а некои не, дека во јавноста мислењата се поделени до крајности, Штулиќ одговори: „Не е важно дали некој го сака или не. Ме боли кур. Заеби ги луѓето кои ги сакаат сите. Но тоа е факт, вистина.“

Извор: https://radiogornjigrad.wordpress.com

ОкоБоли главаВицФото