Fast food

29.01.2019 22:37

гледам на тв репортажа за децата од северна кореја
толку многу работи се кажуваат за овие деца
дознавам колку многу ги има и колку се сиромашни
во помалку од една минута голтам
статистики грамови храна на глава од дете на месец
едно момченце со години талка
со голите нозе во кал до гуша
обидувајќи се да собере малку вода во пластично ќесе
немој да пиеш, па не можеш ваква вода да пиеш
му вели репортерот
ќе се разболиш ако пиеш од валканава вода
15 години претходно една девојка од германија или од велика британија
гледа репортажа за децата од романија
и најверојатно очекува како што очекувам и јас
репортерот да му даде на детето голтка чиста вода
би сакала да ми е грижа за децата од северна кореја
би сакала, ама не ми е
толку се далеку
толку далеку по ѓаволите
се обѕирам во својата каприциозна самотија
но сепак асептична
си велам дека сум изманипулирана и се исклучувам

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото