Промоција на книгата „Поткултура: Значењето на стилот“ на Дик Хебдиџ

30.01.2019 12:37
Промоција на книгата „Поткултура: Значењето на стилот“ на Дик Хебдиџ

Промоцијата на книгата „Поткултура: Значењето на стилот“ на Дик Хебдиџ, ќе се одржи на 31 јануари 2019 година (четврток), во 19 часот, во ГЕМ/Менада во Старата чаршија.

Промоцијата ќе биде проследена со дебата, а за книгата ќе говорат Владимир Милчин, режисер и професор и Славчо Димитров, теоретичар на културата и активист.

„Поткултура: Значењето на стилот“ на Дик Хeбдиџ денес слободно може да се нарече класика, неизбежна и задолжителна референца во студиите на поткултурите, и културните студии и критичката теорија воопшто. Покрај тоа што оваа книга нуди извонредна теориска и методолошка рамка за разбирање и анализа на различни поткултурни формации, значењето на истата во исто време се состои и во деталниот осврт и увид во суровиот емпириски и аналитички материјал, и деталите и гестовите на различните поткултури, од една страна, но и укажувањето на опасностите и методите за кооптирање, дифузија, разредување, присвојување и припитомување на субверзивната и критичка енергија на поткултурните движење од страна на главно-тековните и доминантни културни хегемонии.

„Поткултура“ на Хебдиџ е книга која претставува задолжително четиво за љубопитните умови и критички зналци од различните дисциплини во рамки на општествените и хуманистички науки, но и сите уметници, културни работници и борци за еднаквост и правда.

 

ОкоБоли главаВицФото