„Имаш ли ти срце?!“ „Имам, сакаш да се мењаме?“

31.01.2019 14:07
„Имаш ли ти срце?!“ „Имам, сакаш да се мењаме?“

 Тешко ова подигањево свест.


Ајдеntity.


Јужниот сосед ни е спор со името.


Македонците се борат за своите кривидрини.


Министер сече лента и не дава жмигавец.


Што е попрво, држава која нема иднина или власт која владее ко да нема утре?


Што знае рок на употреба што е надеж.


Крива е точката што глуми крај.


Толку сме напредни што и крајот е зад нас.


Немаме покрив над глава, но сиромаштијата ни е капак на сѐ.


Сиромашни сме за сите пари.


- Како ќе познаеш Македонец во Австралија?
- Кога се разминува со кенгур ѕирка што има во торбата.

- Имаш ли ти срце?
- Имам, сакаш да се мењаме?


Не сакам да те плашам, но стомакот цел живот ти работи зад грб.


Кој не страдал од бубрези нека го исфрли првиот камен.


Математичар прави ехо на плуќа и му наоѓаат дробна црта.


Кога оздравев еритроцитот му рече на леукоцитот во мене: Бато, не мембрани веќе, те молам!


На голем плазма-екран го гледам натпреварот Леукоцити-Еритроцити.


"You only live ounce" - said the 437 grains to the 28 grams.


Нејќам да се фалам, ама денес стетоскопот ми положи за апарат за мерење притисок.


Докторе, мирисам на скапано од работа: си ја набив агендата и мислам дека изместив неколку приоритети.


Мислев камбаната, тоа биолошкиот часовник.


Нејасен ми е животов... депредвидлив.

Интернет оди кај оптичар зашто сѐ му се мрежи.


Вебсајтче коледарче збира колачиња.


Баба ми плете wireless.


Cybernet Sauvignon.


Апликацијата за патент пратете ја во .zip формат.


Се трудев да го анимирам курсорот со одење во нов ред, но ништо не му беше ентересно.


Патот до инбоксот е поплочен со добри спамери.


Во френдзоун сум му на системот.


- Ама зошто да ставам апдејти и скапи антивирусни програми кога толку години никаков вирус немам закачено?
- Во право си. И Богородица нема правено пап-тест.

- Како си космосу?
- Викај Уран!


Сонцето се насмеа зајдливо.


Небото игра покер на соблачење.


Екипажот на Ентерпрајз оди на афтерворп парти.


Кој го запросил Сатурн?!


Ѕвезда алергична на прашина кива и станува комета.


Ако пиеш кафе ко мал, кога ќе пораснеш нема да си ѕвезда туку комета.


Погалив комета и задоволно замавта со опашот.


Во темноста на ноќта ѕвезденото небо се огледува во морето и ги прави сите бродови вселенски.


Сите на бродот еден по еден почнаа да одат на спиење. Малку подоцна целиот брод потона во сон.

ОкоБоли главаВицФото