Трева: за тревата немам што да речам...

01.02.2019 16:17

Трева: за тревата немам што да речам
но за какви тоа шумови се работи
што е тоа што дење ноќе баботи
Ветар: за ветрот немам што да речам

Даб: за дабот немам што да речам
но кој тоа потпевнува во никоја доба
кој ја гризе ногата од креветот во мојата соба
Ставор: за ставорот немам што да речам

Песок: за песокот немам што да речам
но што тоа чкрипи? тоа е вратата влезна
кој бревта? ако не е таа јас не знам
Карпа: за карпата немам што да речам

Ѕвезда: за ѕвездата немам што да речам
тоа е звук трпок како плод некој
тоа е шепот што се следи леко
Месечина: за месечината немам што да речам

Пес: за песот немам што да речам
тоа е воздишка тоа е крик што се крева
тоа е грч тоа е ужасна врева
Град: за градот немам што да речам

Срце: за срцето немам што да речам
разурната е засекогаш тишината
и од неа глувиот ги мете парчињата
Сонце: о чудовиште, о Горгоно, о Медузо
о сонце.

Препев: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото