За првпат по 100 години на Галапагос повторно има желки

02.02.2019 00:06
За првпат по 100 години на Галапагос повторно има желки

По повеќе од еден век во кој не беше забележана ниедна желка, на островот Пинсон на Галапагос повторно се забележани млади желки.

Тоа значи дека овој загрозен вид може да се спаси од исчезнување.

„Воодушевен сум што желките ни даваат можност да се искупиме за нашите грешки од минатото“, вели истражувачот Џејмс Гибс кој е меѓу првите кои ги забележаа малите желки во декември минатата година.

Кога во 18 век морнарите за првпат стапнале на островот Пинсон со своето невнимание и негрижа предизвикале катастрофа за животната средина, за што биле потребни генерации тоа да се поправи. Стаорците од бродовите за кратко време ги истребиле малите желки, кои претходно во природната средина имале само неколку предатори кои не го загрозувале видот.

Во шеесеттите години на островот имало само 100 преживеани желки и конзерваторите се потрудиле да ги заштитат. Неколкуте неоштетени јајца ги инкубирале и ги пренеле на друг остров, каде биле одгледувани пет години - додека не пораснале доволно за да не бидат загрозени од стаорците - пред да бидат вратени на Пинсон.

Потоа, во 2012 година, биолозите користеле хеликоптери за да нанесат отров против стаорците. Операцијата била успешна и Пинсон за првпат бил ослободен од стаорци.

„Во декември минатата година истражувавме што се случува со желките и најдовме 10 мали. За првпат по повеќе од еден век можат да живеат слободно. Иако бројката од 10 примероци е мала, сигурен сум дека на островот има повеќе подмладок“, вели Гибс.

За време на посетата на островот, Гибс и неговиот тим забележале 300 желки, но според Гибс тоа значи дека постои можност на целиот остров да има повеќе од 500 желки.

Извор: https://www.thedodo.com

ОкоБоли главаВицФото