1025 hPa
93 %
-1 °C
Скопје - Чет, 15.01.2026 21:59
.jpg)
Синоќа (1 февруари) во МКЦ беа доделени наградите за стрип „Лифт“ на издавачката куќа Темплум и на ОХО. Жирито во состав: Никола Гелевски, Јана Јакимовска, Ласко Џуроски и Владимир Битољану за годинешен победник го избра Никола Панов и неговиот стрип „Круг“. Тој е матурнат од Штип кому ова е прво претставување како стрип автор.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Втората награда му припадна на Стефан Николовски со стрипот „The Letter“ , а третата награда ја освои Оливер Цветковски од Велес со стрипот „Мафијашот, глувонемиот книговодител и отец Рафаело“.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
„Целта на наградата е да ги промовираме и афирмираме овдешните стрип автор(к)и, но и да го унапредува стрипот како медиум кој кај нас е запоставен. Втора важна цел е да придонесеме за развојот на македонската културна сцена и во поширока смисла, промовирајќи нови креативни актери, нови културни настани, поинакви пристапи и стилови на полето на културата - со што сакаме да придонесеме за плурализацијата и шаренилото на овдешниот недоволно развиен културен простор“, рече Никола Гелевски, уредник на „Темплум“.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
На изложбата и во публикацијата се претставени деветте најдобро оценети стрипови од вкупно пристигнатите триесетина. Станува збор за стриповите на: Никола Панов, Стефан Николовски, Оливер Цветковски, Лазар Ангелов, Виктор Гаврилoски и Магдалена Мирческа, Јована Велинова, Кристина Неделковска, Марија Николаевска и Владимир Трајановски.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Наградите за тројцата најдобри стрип автори и благодарниците за сите учесници на конкурсот ги изработи, во дрво, уметницата Калина Игновска. Наградите имаат и свој паричен дел. Овие признанија се доделуваат во партнерство со ОХО, а донатор на првото доделување на наградата „Лифт“ е Град Скопје.
.jpg)

Фотографии: Небојша Гелевски