Зошто ми е драго што немам деца

02.02.2019 17:10
Зошто ми е драго што немам деца

Стефани Захарек, филмска критичарка на американското списание „Тајм“ во својот текст пишува дека секогаш сакала да има деца, но дека никош немала планови за основање семејство, дури ни кога се омажила. „Кога дојдов на години кога би требало очајнички да сакам да станам мајка, во раните до доцните триесетти години, не се чувствував очајно, само несигурно. Мојата единствена грешка во тоа време, сега сфаќам, беше тоа што не верував дека ќе бидам океј, можеби и повеќе отколку само океј, со бебе или без бебе.“

Таа пишува дека сега кога има 57 години и нема деца, среќава жени кои имаат слични дилеми. И тие самите се занимаваат со прашањето зошто очајнички не сакаат да имаат деца и треба ли да се обидат да ги имаат и каков ќе им биде животот доколку ги немаат и дали се лоши ако не чувствуваат силен мајчински нагон. „Сум запознала други жени што толку силно сакале деца што речиси поништиле дел од себе со сопствената анксиозност.Иако мислев дека сакам дете, нивниот копнеж ми беше непознат“.

Таа и нејзиниот сопруг се обиделе да имаат деца и не успеале. Размислувале за опциите, а за сурогат бременост немале пари. Тоа на некој начин ѝ го олеснило чувството на нелагодност кога другите ја прашувале дали има деца и зошто ги нема. „Едноставно можев да кажам дека мојот сопруг и јас се обидовме и не успеавме. Тоа беше вистина, но и беше помалку студено отколку ’Не сакав да имам дете’. И денес ретко признавам колку сум среќна поради одлуката што ја донесов пред повеќе од дваесет години. А бидејќи никогаш не сум имала дете навистина не знам колку пропуштам зашто го немам“, пишува Стефани и додава дека ги гледа работите што ѝ се случиле заради тоа што нема деца. „На некој начин бебето што го немав е дел од мене. Тоа ми ја даде слободата“.

На реакциите на другите кои мислат дека е тажно што немам деца и на сожалувањето и констатациите: „Тоа е сè што има?“ , таа одговара: „Да го парафразирам Џон Вејн од еден од моите најомилени филмови ‘Рио Браво’на Хауард Хокс: ‘тоа не е сè што имам, тоа е она што го имам’. Кога сте млади и кога толку многу ве чека во животот, тешко е да се направи разлика меѓу она што мислите дека би требало да го сакате и она што навистина го сакате. Во годините кога би требало да родам, луѓето ми велеа: ‘Ако немаш, ќе зажалиш’. Не можам да кажам дека некогаш сум почувствувала нешто слично на жалење. Да се нема жалење значи дека сме искусиле сè онака како што сме планирале, дека сме донеле исправни одлуки. Без оглед што Едит Пјаф ни кажува дека никој нема таков живот.

Она што сакам да им го кажам на помладите жени, кои веруваат дека животот без деца е неисполнет живот, е дека вашето идно ‘јас’ е личноста што уште не сте ја запознале. Не претпоставувајте однапред дека за неа сè знаете. И не претпоставувајте дека со изборот можете да го контролирате секој елемент на важиот живот. Зашто понекогаш и изборите што ги правите по дифолт можат да донесат голема среќа – а не само оние што сте си ги замислиле.

Слика: Garance Dore

Извор: Nedeljnik

 

ОкоБоли главаВицФото