Како да не фрламе употреблива храна?

05.02.2019 03:51
Како да не фрламе употреблива храна?

Кога последен пат сте фрлиле храна? Веројатно не толку одамна. Ние, потрошувачите, всушност сме најголеми „престапници“. Половина од фрлената храна е на товар на домаќинствата. Во Холандија, до пред само неколку години, во кантите годишно завршуваа неверојатни 540 килограми храна по глава на жител. Холандската влада сака да го преполови тоа до 2030 година. Европските парламентарци тоа го бараат и од останатите членки. Бидејќи, додека едни фрлаат храна, во светот гладуваат околу 800 милиони луѓе.

Но, има и позитивни примери. Франција им забрани на супермаркетите да ја уништуваат непродадената храна. Храната која сѐ уште може да се употребува мора да се донира. Но, и секој од нас мора нешто да стори:

Задолжително направете список за купување!
Внимавајте на рокот на траење!
Никогаш не купувајте на празен стомак!

Бидејќи, кога очите се гладни и корпата е преполна. А нешто подоцна и кантата за отпадоци.

Извор: DW