Песна за недоветниот

05.02.2019 18:01

На камениот насип видов
евла црна како јаглен.
Рацете – сплет од коски аглест
и со нив однадвор ми чука на ѕидот.
Толку рано? А да ви дојдам како костур
навечер, в никоја доба,
и со долгата рака застанат простум,
да ви втурнам соѕвездие в гостинска соба?

 

Препев: Влада Урошевиќ

Велимир Хлебников (Виктор Владимирович Хлебников, 1885-1922) е култен руски писател и поет. Зачетник на футуризмот.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото