Пропаста на светот

08.02.2019 17:52

Од шилестите граѓански глави шапки летаат.
Во сите ветрови како да се слуша некаква врева.
Од покривите работници паѓаат и смачкани претаат
а по бреговите – велат весниците – прилив се крева.

Беснее луњата и морињата во навалица дива
прават големите насипи во кал да се стопат.
Повеќето луѓе се настинати и беспрекин киваат
а од мостовите возови се урнуваат во пропаст.

Препев: Влада Урошевиќ

Истата песна во друг превод

Јакоб ван Ходис (Jakob van Hoddis, псевдоним/анаграм за Hans Davidsohn; 1887 - годината на смртта непозната, веројатно 1942). Студирал архитектура во Минхен, потоа грчки јазик и филозофија во Јена и Берлин. Соосновач на „Новиот клуб“. Автор на славната песна „Крај на светот” (Weltende, 1911). Првите симптоми на душевно заболување и хоспитализација 1914. Исчезнал во некој концентрационен логор.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото