Човекот кој ја напиша Библијата на кодирањето

11.02.2019 02:22
Човекот кој ја напиша Библијата на кодирањето

Доналд Кнут

Доналд Кнут, компјутерски научник од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, веќе половина век суверено владее како духовен водач на алгоритмите.

Тој е автор на Уметноста на компјутерското програмиење, опус во четири дела кој го претставува неговото животно дело.

Првиот дел излезе 1968 година, а American Scientist дотогаш објавените делови во 2013 година ги постави на листата книги кои го дефинираа последниот век на науката.

Објавена во повеќе од милион печатени примероци, Уметноста на компјутерското програмирање е своевидна Библија во својот домен.

Во неа има алгоритми, рецепти кои ја хранат дигиталната ера. Д-р Доналд Кнут (80) е ценет алгоритмичар; неговото име стои до некои од најважните примероци од овој вид, како што е алгоритмот Кнут-Морис-Прат за пребарување низи. Осмилсен во 1970 година, а служи за пронаоѓање зборови или обрасци на букви во текст.

Денес, кога алгоритмите управуваат со нашето постоење, просечниот програмер веќе нема време да манипулира со бинарни дефекти, туку работи со слоеви кодови - а често и со кодни системи позајмени од библиотеките со кодови.

Доналд Кнут е познат по воведувањето „буквалнно програмирање“, со акцент на важноста на пишувањето код кој можат да го прочитаат и луѓето и компјутерите.

Тој тврди дека некои компјутерски програми се книжевни дела вредни за Пулицерова награда.

Кнут е и озлогласен перфекционист кој нуди парична награда за секој што ќе најде грешка во неговите книги.

Неговите строги стандарди можеби објаснуваат зошто неговото дело е далеку од завршено.

Кога почнувал со пишување, впрочем планирал да има само една книга.

Набрзо потоа, компјутерската наука го доживеала Големиот тресок и сепак одлучил да напише седум книги.

Во меѓувреме настанале и подкниги, односно своевидни фасцикли или, како што денес со компјутерски говор би се рекло, фолдери.

Најновата требало да биде објавена до Божиќ, но објавувањето е одложено за април зашто д-р Кнут постојано пронаоѓа нови неодоливи проблеми кои сака да ги обработи.

Иако тој ја кажал познатата изрека „постојана цел ми беше задоволството“, компјутерските научници се обидуваат да ги решат реалните проблеми.

Се разбира дека во меѓувреме се создаваат и реални проблеми. Алгоритмите кои ги пишуваат луѓето веќе се доволно непријатни. Она што е загрижувачки, наведуваат многу експерти за компјутери и програмирање, се алгоритмите што ги пишуваат машини.

„Сега пишуваме алгоритми кои во одредени случаи не можеме ни да ги прочитаме“, објаснува професорот Кевин Слевин од Институтот за технологија во Масачусетс.

„Денес програмерите го користат она што Кнут и останатите го составиле како компоненти на своите алгоритми, а потоа тоа го комбинираат со она што им е потребно“, објаснува Питер Норвиг, директор на истражувања во Гугл.

„Исто е и со вештачката интелигенција“, вели тој и додава дека може да се случи секоја компонента да е страница или поглавје од книгата на Кнут, „зашто тоа е најдобар начин да се изврши некоја задача“.

За среќа, р-д Кнут не се откажува. Предвидува дека ќе бидат потребни 25 години за да се доврши Уметноста на компјутерското програмирање.

Дали алгоритмите кои ги пишуваат други луѓе можат да добијат свое поглавје или страница во епилогот?“

„Дефинитивно не“, вели д-р Кнут.

„Загрижен сум дека алгоритмите стануваат премногу популарни во светот“, наведува тој и најпосле сумира:

„Компјутерските научници прво се грижеа што никој не нѐ слуша. Сега се плашам дека нѐ слушаат премногу луѓе.“

Извор: Nedeljnik

ОкоБоли главаВицФото