Отворено писмо на Стрип центар од Велес до Министерство за култура

11.02.2019 02:42
Отворено писмо на Стрип центар од Велес до Министерствто за култура

Со отворено писмо до Министерството за култура реагира Стрип центарот на Македонија од Велес (СЦМ), бидејќи како најстара стрип манифестација во Македонија, првпат по 18 години не се финансираат нивните проекти.

Ова е писмото на Стрип центарот од Велес:

„Од името на Стрип центар на Македонија со седиште во Велес ја поздравувамe Вашата одлука за ревизија на Годишната програма за култура за 2019 година.

Бидејки нашите забелешки ги сметаме за принципиелни а се во интерес за развој на 9-та уметност кај нас.

Визуелни уметности

-најстарата стрип манифестација во Македонија, Интернационалниот стрип салон којшто од 2018 г премина во неколкудневна мегународна стрип колонија, првпат после 18 години НЕ С Е ФИНАНСИРА ОД МИНИСТЕРСТВОТО. Овој салон ги отвори вратите на младата македонска стрип сцена кон стрип сцени, манифестации и фестивали од странство. Овде без проблем другаруваа автори од сите држави на Балканот (заедно со превземеното менторство на младите стрип сцени од Косово и Албанија, како и Грција), вклучено и Грција, Јапонија, САД, Швајцарија.

Оваа манифестација и инаку досега е финансирана со многу скромни средства што доведуваше до реални пропусти во организирањето; сместување, награди, жири комисија. Наместо ситуацијата да се корегира кон подобро преку овозможување на пристојни средства, бидејки првата стрип колонија претпоставува повеќе денови за престој, но самата активност по себе овозможи солидна интернационална стрип соработка и медиумска покриеност

Издавачка дејност

-стрип книгите кои се усвоени за финансирање , но со премногу мала, да не речам мизерна сума која не го покрива ни печатењето.

Да потсетам дека освен афирмирање на македонските автори (како врвен приоритет) Диме Иванов-Димано, Миле Топуз, Александар Стеванов... тука се свртуваме и кон други етнички колективитети ширејќи ја интеркултурата како приицип:

· Марко Стефановиќ – Србија за делото „Реквием“ (македонски и српски јазик). Оваа книга е дел од едицијата Вековници кадешто, како дел од мрежа на автори и издавачи се вклучени голем број стрип автори од балканските земји. Македонија изостанува.

· Гани Јакупи за делото Хавана, САД (македонски и албански јазик).

Во делот на издавачката стрип дејност поставуваме принципиелно прашање: дали за македонската стрип сцена е побитно афирмирањето на македонските стрип автори, па дури и интеркултуралната компонента и свртеноста кон разни етнички колективитети (на која во јавноста толку се инсистира) отколку финансирањето на чисто лиценцни изданија?

Ова прашање не го посветуваме само околу изданијата на СЦМ.

Интердисциплинарни дејности

- Реагираме на малата сума за Интеркултурното стрип училиште кое треба да се одржи во тек на неколку дена во некое туристичко место

- неусвојувањето на проектот „Скопска стрип акција“ којшто е дел од нужното свртување кон главниот град. Сакавме на оваа манифестација да почнат да гостуваат стрип сцени од странство, за почеток планиравме тоа да бидете младата стрип сцена од Косово.

Да резимираме: генерална наша забелешка е дека и во сферата на стрип културата не се гледало на досегашната работа и континуитет на апликантите (пред сè организации, наспроти индивидуалци) иако тоа е вметнато во критериумите. Увидот во стрип проектите во донесената и оспорена програма само по себе ќе ја конкретизира и дообјасни оваа забелешка“, стои во писмото од Стрип центар на Македонија, Велес.