З и 3

11.02.2019 02:15
З и 3

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Оливера Ќорвезироска и Брадестиот Џо.


Тања Аждаја
Еден ден З се разбудило со криза на идентитет: “Буква ли сум, бројка ли сум?” Го побарало одговорот кај огледалото, а таму – рефлексија на бунило. Го побарало и под тепихот со проблеми – 33 други проблеми чекале за решавање.
Натажено и само З излегло на прошетка низ блиската шума да ги проветри мислите по околните гранки.
По некое време се уморило и застанало до еден бор. Дошла верверичката и рекла: Еј, колку убав З бор.
Збунето, З се потргнало од борот и застанало до една елка. Дошло зајчето и рекло: Леле, колку убава З елка.
З воскликнало: Па да! Јас сум буква!
Дошол еден пијаница, фрлил поглед на шумата и рекол: Оф, боров тројно ми се гледа... А богами и елката.
З си отишло дома и почекало да ја напишам приказнава.

Оливера Ќорвезироска
С неба па у зебра!


Брадестиот Џо
З - збуњоза, збрљоза.


Оливера Ќорвезироска
Здими Дими дури можеш.


Брадестиот Џо
Немозам.


Оливера Ќорвезироска
Замин и амин!


Тања Аждаја
Зајде и ајде.


Оливера Ќорвезироска
3нитротолуол.


Брадестиот Џо
3пер комбинација.


Оливера Ќорвезироска
3агулен или трижзагулен си.


Оливера Ќорвезироска
Копито нескито.


Тања Аждаја
Има нека тајна безвеза.


Тања Аждаја
И тогаш пијаницата ја раскажа својата потрезна приказна.


Слики: Adhika Rahmani

 

ОкоБоли главаВицФото