Културата не е механизам за класна или етничка стереотипизација

12.02.2019 12:38
Културата не е механизам за класна или етничка стереотипизација

Ми остави впечаток хистеричната реакција кон министерот Асаф Адеми. Нормално е дека позадината на една таква реакција може да е поврзанa со калкулациите за иден претседател, промените во власта и судбината на субјектот од каде доаѓа самиот министер.

Наспроти тоа, министерот Адеми, според мое мислење, дава една лекција по демократија која и недостасуваше долго на земјата. И тоа, поради две работи: првата е неговата подготвеност за ревидирање на сите проекти кои не поминаа од страна на комисијата, и тоа во присуство на медиумите, и втората, неговата подготвеност да даде оставка.

Хистеричните реакции дојдоа од двата македонски политички кампуси, вклучувајќи ги тука и нивните тентативи во секторот на цивилното и интелектуалното друштво.

Овие реакции откриваат нова перспектива на една стара вистина. Реакциите откриваат еден вид на номенклатура или расплет на мрежата на „културната мафија“ која делува под сенка; и која дисбалансот на параметрите внатре во себе, ги интерпретира како националистички обид на албанците, исто така и политичкиот менталитет на многубројни македонски политички актери кои културата ја конципираат како хегемонија и механизам за класна поделеност, преведено во термините „македонска супериорност“ и „албанска инфериорност“.

Во суштина, културата не е механизам за класна или етничка стереотипизација, туку е можност за откривање на етничките различности и како такво ни служи за засадување взаемна љубов која се создава од спротивностите и различностите.

Предвесниците на „живот за сите“, треба да се ослободат од колонизирањето и хегемонистичката културна супериорност, колку и да е овој процес тежок. Во спротивно, идеалот на општеството „живот за сите“ останува еден демократски обид закачен на куката на хистеричниот наратив на историјата.

 Слика:Eli Horn

 Извор: Цивилмедиа

ОкоБоли главаВицФото