Уа, шнајдери!

13.02.19 12:20

Нова урбана акција во центарот на Скопје, на булеварот Партизански одреди е поставена е огромна ножица, на кои пишува „Уа, шнајдери“.

Под ножицата, која е симболички протест за начинот на распределба на средства во Годишната програма за култура, е испишан следниот текст:

„Двапати мери, еднаш сечи. Културата мора внимателно да се крои за да не биде после унакажана, монтирана, лепена и сечена. Културата не може и не смее да биде монета за поткусурување и пеглање на партиските интереси, политикантите и апетитите на поединците. Културата е жива метрија и не смее да биде умртвувана заради повисоки интереси“.

Во текстот пишува дека концептот култура за сите не значи оти сите витални фактори на културата во Македонија треба да бидат еднакво незадоволни.

„Недозволиво е организации стари 10 дена да имаат предност над културното наследство старо 10 века. Сите присутни во националната стратегија за култура треба да се пресликуваат во годишните програми, а не да се изоставаат на страна“, пишува на таблата.

Слични содржини

Технологија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око / Историја
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото