Бруно Ганц (1941 - 2019)

17.02.2019 14:20
Бруно Ганц (1941 - 2019)

Бруно Ганц (Bruno Ganz) беше швајцарски актер и ѕвезда на германската кинематографија.

Тој ќе остане запаметен по улогата на Адолф Хитлер во филмот „Падот“, од 2004 година. Во неговата богата актерска кариера, тој играше во филмови од англиско и германско говорно подрачје. Неговата кариера траеше 50 години. Соработувал со режисери како Вернер Херцог, Ерик Ромер, Френциц Форд Копола и Вм Вендерс.

Стана светски познат по улогата на Ангелот во филмот „Небото над Берлин“, на Вим Вендерс.

Со Македонија го врзува улогата во филмот „Сведок“ на Митко Панов. Пред четири години, Ганц ја доби специјалната награда, Златна камера 300, за особен придонес во филмската уметност, на фестивалот Браќа Манаки во Битола.  

ОкоБоли главаВицФото