Отсекување

18.02.2019 11:47

Деколте потекнува од decollo,
decollo значи отсекувам врат.
Шкотската кралица Марија Стјуарт
дојде на губилиштето во соодветна кошула,
кошулата беше деколтирана
и црвена како крвоток.

Во истиот миг,
сама во соба,
Елизабета Тјудор, англиската кралица,
стоеше крај прозорот во бел фустан.
Фустанот победнички беше закопчан до грло
и завршуваше со уштирканиот околувратник.

Си мислеа хорски:
„Боже смилувај ми се“
„Правото е на моја страна“
„Да се живее или да се пречи“
„Во одредени околности буфот е ќерка на пекарот“
„Ова никогаш нема да се заврши“
„Ова е веќе завршено“
„Што правам јас овде, овде кајшто нема ништо“.

Разлика во облеката ‒ да, можеме да бидеме сигурни.
Детаљот е
неизбежен.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото