Погреб

19.02.2019 14:20

Черепот од глина го извадиле,
во мермер положиле,
ордените нани нина
врз перничето пурпурно.
Черепот од глина го извадиле.

Од хартивчето прочитале
а) добар маж тој беше,
б) свирете, оркестри,
в) штета вечен не е.
Од хартивчето прочитале.

А ти, народе, оцени го тоа,
и пленот да го почитуваш,
оној што еднаш се роди
два гроба може да стекне.
А ти, народе, оцени го тоа.

Не изостана парадата
за илјада тромбони,
ниту за толпата полиција,
ниту нишањето ѕвона.
Не изостана парадата.

Имаа ококорени очи,
од земјата кон небесата
веќе летаа гулаби
во клунчињата бомби носејќи.
Имаа ококорени очи.

Помеѓу нив и народот
само дрвја требаше да има,
само она што во лисјето
се премолчува и отпејува.
Помеѓу нив и народот.

А овде подвижни мостови,
а овде кањон од камен,
со дното израмнето од тенкови,
со екот за татнеж.
А овде подвижни мостови.

Сеуште исполнет со сопствената крв
народот заминува во надеж,
не знаејќи дека од страв
побелуваат јажињата на ѕвоната.

Сеуште исполнет со сопствената крв.

Превод: П. В.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото