Да се биде геј на просторот на поранешна Југославија

12.10.2010 13:29
Да се биде геј на просторот на поранешна Југославија

Најдобро е да се биде геј во Словенија, а најтешко, освен во Србија, и во Босна, на Косово, Црна Гора и Македонија, покажува едноставната анализа на бројот на одржаните паради на гордоста, нападите врз нив и подготвеноста на државата да им овозможи слободно искажување на својата сексуална определба на своите граѓани.

Хомосексуалното определување, кое на просторите на поранешна Југославија беше казнено дело сè до 1977 г., за кое можеа да се добијат и до две години затворска казна, во некои делови на Југославија претставуваше казнено дело до осамостојувањето на поранешните републики, па дури и после тоа. Словенија, Хрватска, Црна Гора и покраината Војводина во 1977 г. престанаа да го гледаат хомосексуализмот како казнено дело.

Лани во Словенија, една недела пред Парадата на гордоста, беше нападнат локалот каде што се собираа организаторите, а одговорот на власта откако напаѓачите беа уапсени беше заминувањето на министерката за внатрешни работи во кафулето, каде што испи кафе и со тоа покажа дека власта го поддржува и го штити правото на различност.

На првата хрватска Парада учествуваа околу 300 лица од културниот и јавниот живот кои ја поддржаа геј популацијата.

Овогодинешната Парада во Белград ја покажа одлучноста на државата да ги заштити граѓаните од екстремните групи, па најголемиот број повредени доаѓаат од редовите на полицијата.

Во Босна и Херцеговина беше органзиран само фестивал во 2008 г., но наместо една недела тој траеше само една вечер. За време на ноќта разни екстремистички групи нападнаа најмалку 40 лица.

Во Црна Гора, Македонија и на Косово нема организирани Паради на гордоста.

Словенија

Паради: од 2001 година редовно се одржани 10 паради;

Насилство: во 2009 беа нападнати организаторите;

Санкции: напаѓачите беа фатени и казнети;

Легислатива: Уставниот суд го укина претходниот закон поради нееднаквоста на геј и класичниот брак; новиот закон предвидува посвојување деца во геј браковите.

Хрватска

Паради: од 2002 г. се одржани 9 паради.

Насилство: во 2007 г. напад со молотови коктели, четириесетина напади врз геј лица; во 2008 антигеј парада на националистичка партија;

Санкции: организаторот на нападите отслужи две години затвор;

Легислатива: закон за сузбивање на дискриминацијата, закон за истополови заедници.

Босна и Херцеговина

Паради: ниедна досега; во 2008 организиран геј фестивал, но по неговото отворање беше прекинато неговото одржување;

Насилство: екстремистичките групи прогонуваа активисти; повеќе од 40 напади; луѓе беа извлекувани од такси возила и претепувани;

Санкции: нема;

Легислатива: закон за сузбивање на дискриминацијата.

Србија

Паради: 2001 и 2010 г.

Насилство: 2001 г. полицијата ги пушти напаѓачите врз геј активистите; 2010 г. имаше околу 200 повредени;

Санкции: 75 лица во притвор;

Легислатива: закон за сузбивање на дискриминацијата.

Косово:

Паради: ниедна; нема ни иницијатива;

Насилство: присутно, повремено;

Санкции: нема податоци;

Легислатива: Уставот ја штити половата ориентација, но е донесен под закрила на меѓународната заедница.

Црна Гора

Паради: ниедна; не постои организирано движење, туку само неколку групи;

Насилство: присутно, повремено;

Санкции: нема податоци;

Легислатива: дискриминација поради сексуалната определба е забранета;

Македонија

Паради: ниедна; во 2009 г. е одржан протест за толеранција и еднаквост на кој се појавува и знамето со боите на виножитото;

Насилство: присутно, повремено;

Санкции: нема податоци;

Легислатива: спорен закон за спречување на дискриминацијата во кој е изоставена заштитата на геј заедницата.

Извор: jutarnjilist.hr

 Шта јужније то тужние...

 Шта јужније то тужние...

 Шта јужније то тужние...и

 Шта јужније то тужние...и сиромашније :-)

Море, што појужно, тоа

Море, што појужно, тоа пострашно. Нема паради, нема санкции, нема податоци. Нема говор. Има ли нешто полошо? 

Тако је. Што јужније то

Тако је. Што јужније то тужније. Ама тоа е тажно, дека е што јужно и дека е што потажно. Вистинска трагикомедија!
Поздрав
Србољуб
 

 Што е поентава што сите

 Што е поентава што сите коментари се едни та исти? Недостиг на оригинално искажување? 

Овде може и двапати неделно

Овде може и двапати неделно да има парада - никој нема да примети. Затоа не ја ни праат, ќе нема кој да ги тепа и да  ја оправда со тоа. Додуша ќе се најдат тепачи за фарса ко што беше за црквата али треба да дојде на ред. До тогаш си хонораришеме.

 Да. Јас исто би рекол дека

 Да. Јас исто би рекол дека никој не би ја приметил парадата. Но, би рекол исто така дека веројатноста некој за која било ствар да прави парада е мала. Луѓето се преинертни. Ни булдожер не ги крева. Контраст на нас се Французите кои цело време се на штрајк и тогаш запира се. Кај нас работава, глеј го тој што штрајкува, и мајтап и сеир фаќање. Не  е во ред. Катастрофа! проблемот е што тоа е и во структурите на политиката. Насекаде!
 

Да точно е. Сите овде живееме

Да точно е. Сите овде живееме во некоја чудна нереалност. Но не би сакал да изедам ни еден реален шамар од некој реален тип, без оглед дали тоа ќе се случи на парада, во чаршија, или кај мене дома :). А уште почудно ќе биде ако се најдам избркан на реална улица, без реални пари. Или ќе треба да се стрпам со своите сексуални активности додека да завршам факултет и додека да најдам работа и плата од која ќе можам да издвојам 70% само за кирија? Значи од својата 16-та до кај својата 23-4-та година. А потоа ќе треба да барам и некој што издава стан на двајца „другари“ или „цимери“ или „братучеди“.
Не го знам авторот, ама знам дека рекол оти животот го чинат ситните работи. Кои мене, онака суптилно ме деморализираат, депримираат и глодаат лека полека.
И што да правам дури и да сум најотворениот човек на планетава, кога еден куп други живеат во својот свет? Кај да најдам љубовник ако другите се кријат, од некои свои причини? За љубов се потребни двајца, минимум :). Јас сепак сум се појавил на овој свет во одредени услови, во стекнати околности. Во некаква реалност, каква и да е.

 Парадата нема на никого да

 Парадата нема на никого да му ја подигне свеста..
Само децата ќе добиваат погрешни идеи.
Мене не ми смета хомосексуалноста, ама нејзино рекламирање и форсирање ми смета.

@Гоце: Парадата треба да ги

@Гоце:
Парадата треба да ги извади луѓето од своите дупки, да проговорат отворено за своите проблеми - носење партнер дома, отворена комуникација со родителите, пријателите, школските другари и другарки, роднините. Јас сум геј и немам намера да им раскажувам на луѓето што правам во кревет (разни пикантерии) туку сакам само да ме забележат дека сум со некого, исто како што и тебе те забележуваат кога ќе ја донесеш девојката дома, на гости, во кафуле, во кино, во театар итн...
Можам само да се согласам со тебе во врска со тоа дека една парада нема којзнае што да промени. Ако се остане само на неа. Како што 8-ми март не може да им биде од голема помош на жените кои не се почитувани во текот на целата година или не дај Боже тепани. Потребно е многу работи да се прават и во преостанатите 364 дена за луѓето да ја променат свеста.

Леле колку ви се досадни

Леле колку ви се досадни коментарите! Стварно или не знаете што да напишете па нешто ставате ко коментар колку да се каже, или па, ви недостигаат коефициенти на она што се вика ај кју. (да не беше некултурно ептен ќе опцуев). 

А бе супер е тоа да се

А бе супер е тоа да се напушти концептот за барање на правата на достоинствено живеење. Попрекрасно, здравје!!! Затоа и ваква ни е (не)реалноста. Демек, колку ли само права се загрозени, па еве педерите бараат преку леб погача.
Дај човече, сите можеме да преживееме само со леб и вода, ама дали е тоа целта на нашиот живот???

И зошто сте ми избришале

И зошто сте ми избришале претходен коментар? Само затоа што го употребив зборот д*пење? Па погледнете во Виц на денот, стои зборот гомна.

Се моли чесниот наоѓач на

Се моли чесниот наоѓач на мојот изгубен коментар од вчера да го врати на сопственикот. Следува награда - нов коментар!

Ех, ја би и шише шампањско со

Ех, ја би и шише шампањско со тоа. Ќе му сипам една чаша на пронаоѓачот :)))

Здраво. За жал и да се

Здраво.

За жал и да се организира таа ќе биде поделена како и секогаш на предавници и спасители, некој ќе биде поткупен и ќе заврши неславно, угушено, онака како што ни прилега нам во Македонија. Инаку ја поздравувам иницијативата на ОКНО за информирање во однос на геј-популацијата на Балканот. Мислам дека тоа на некој начин помага луѓето да согледаат дека е потребно да им се дозволи на хомосексуалците да го живеат својот живот!
 

Ја уште не сфатив кој тоа не

Ја уште не сфатив кој тоа не им дозволува на хомосексуалците да го живеат својот живот во Македонија?

Па мајка ти, татко ти, мајка

Па мајка ти, татко ти, мајка ми, татко ми итн... Цела една генерација од 50-ина години кои во време на СФРЈ направија геј луѓето да бидат/останат невидливи. За жал, стариот систем се уште се влече кај нас, така што проблемите што ти ги имаш како невработеност, корупција на факултет и неможност да се иселиш од дома на 18, кај геј луѓето се зголемени и со стравот и срамот да се појават во јавност и отворено да зборуваат за проблемите што ги мачат.

Како бе ти бранат ? Кој може

Како бе ти бранат ? Кој може да ти забрани? Сам викаш дека уствари вие се срамите да излезете. Сега се срамите или не ви е дозволено? Плус не е до системот него до менталитетеот кој ни е фаличен уште во многу други аспекти, не само толеранција на гејеви, а тоа со сто паради нема да го смениш, можда и ќе го влошиш. На вас е само нормално да се појавите и покажете дека ве има, не на парада него секојдневно, све друго е изговор и добра шанса за наплата на сексуалната ориентација, било материјално (во случаите на НВО-ата) или со стекнување на статус на “привилегирана жртва“ кон  која добар број луѓе покажуваат лажно овер-разбирање што доволно (ви) годи.

Види вака. И во американскиот

Види вака. И во американскиот устав црнците се еднакви, ама ако не се кошаркари или пејачи тогаш се дилери на дрога. Во нашиот устав исто така пишува дека сите сме еднакви, ама ете некои биле/се поеднакви од другите :)
Ќе ги употребам твоите зборови и ќе кажам дека е до менталитетот. Во превод, до моралните норми т.е. санкции, кои понекогаш се многу позаебани од правните. Една година затвор може да биде и подобро отколку да бидеш избркан од дома и да се доведеш до питачки стап. На улица батка се умира. Улицата не простува.
Понатаму. Ако ти мислиш дека си опериран од категоријата срам, еве јас ти предлагам да се соблечеш дома гол пред твоите. И онака во камено доба сме шетале голи, нели? Е, ама многу нешта се промениле од тогаш. Значи, живееме во некакво општествено уредување, со свои законитости, кои честопати мелаат живо месо (ко во спотот на Пинк Флојд).
Што се однесува до материјалната заработка на грбот на несреќните, можам да ти кажам само дека во секоја борба има и воени профитери. Нека им е на чест. Се зависи од тоа кој со какви идеали тргнал и колку останал искрен кон себе и другите.

ПС: И навистина веќе ми се смачи од кажувањето дека има и полоши работи. Дека има луѓе кои во РМ страдаат за парче леб. Како прво, споредбата со нешто полошо воопшто не е добра работа. Тоа не води кон никаде. Работата е дека на сите треба да ни биде добро. Тој што вели оти секогаш нешто мора да се жртвува за да се добие нешто друго, лаже. Има ситуации кои бараат жртви, но има и такви кај кои едната добивка не ја исклучува другата. Како во љубовта, каде и двајцата добиваат.
Како второ, ако некој страда за парче леб, јас страдам за љубов. Не знам што е потешко, ама знам дека мојата мака ми го уништи животот. Ако сакаш да видиш колку е сериозна ситуацијата, ти предлагам да си направиш еден лажен геј профил на интернет и да видиш со што ќе се соочиш. И како трето, за таквите како тебе кои мислат дека секогаш лесно се решаваат проблемите. Им предлагам на сите што се без работа, да фатат да научат некој програмски јазик. Во информатичката сфера постојано има побарувачка на работна сила. Арно ама, не можеме да бидеме сите информатичари. И работата не е само работа. И таа треба да се сака, нели?

И уште нешто. Позицијата на

И уште нешто. Позицијата на „привилегирана жртва“ може да биде добра само на кратки патеки. На долги тоа лошо се враќа.
Што се однесува до сите НВО-а, ШМЕНВО-а и не знам какви О-а. Сигурно ја знаеш онаа приказната, кога се собрале глувците и еден од нив рекол дека проблемот со лошиот мачор може многу лесно да се реши. Само треба некој да му закачи ѕвонче околу вратот. Арно ама, немало таков јунак што ќе го направи тоа. Затоа и ЛГБТ луѓето не излегуваат во јавност т.е. да се покажат. Никој нема храброст сам да го направи тоа. Ти сега можеш да кажеш дека тоа е кукавичлук, но да те потсетам дека не станува збор за еден или двајца. Неколку луѓе можат да мислат погрешно, но кога се илјадници во прашање чисто се сомневам дека е така. Особено што сите ЛГБТ луѓе во државава се плашат, не е само одреден процент од нив. Затоа и е потребна некаква организација. Во каква форма ќе биде таа, е друга работа. Таа не треба само да организира паради туку треба и да ги едуцира ЛГБТ луѓето и сите оние што не можат да ги прифатат, да нуди правна помош, да креира и поттикнува настани, списанија итн...
На крајот на краиштата, ако сум нормална личност, и јас имам право на оформување заедница, семејство, деца. Ама тоа да биде по легален пат, а не да пронаоѓам кривини и дупки/недоречености во законите.

Сексадецимален, ми се свиѓа

Сексадецимален, ми се свиѓа како размислуваш. Незнам како поинаку би исконтактирале освен ако не оставам тука некој мој контакт.. колку и да звучи и излгеда глупаво...

па.. here it is: boy9 (at) myself (точка) com

Инаку, пошто Сексадецимален

Инаку, пошто Сексадецимален кажа 95% исто што јас би кажал во врска со текстов, би посочил само на следниве неправилности во него:

- во Босна не беше геј фестивал туку Queer Sarajevo Festival. www (точка) queer (точка) ba/bs/qsf09
- Како таг на веста имате ставено „хомосексуализам“ кој е неточен и непостоечки термин. Хомосексуалност, хомосексуална ориентација е правилен термин. Изам значи некоја идеологија, а хомосексуалноста не е нешто вештачко, некоја идеологија туку е природна сексуална ориентација.
- во Македонија, до 1996 хомосексуалноста беше исто така кривично дело
 
Исто така би додал дека парадите на гордоста одржани во Источна Европа, и оние во западна Европа и Америка се сосема различни. Тие на запад, бидејќи не-хетеросексуалците веќе одамна се избориле за своите права и го поминале она што го врвиме ние денес, сега се сведени на карневали од типот на струмичкиот карневал. Додека пак парадите во источниот блок меѓу кои спаѓа и Балканот, воопшто не се егзибиционистички карневали, туку се политички протести (тука политички треба да се сфати не како организирани од партија, туку како средство за менување на општеството, зашто се` што има врска со општеството и негово било какво менување - е политика). Побарајте слики на интернет од одржаните паради во Загреб и Белград, ќе видите на што мислам. Исто така, со самото одржување, не се прави реклама и не се „регрутираат нови хомосексуалци“. Зашто, оној што е сигурен во својата сексуална ориентација нема да се плаши од такви паради и нема да му сметаат. Исто така не е точно дека ако децата гледаат хомосексуалци како се бакнуваат и изјавуваат љубов во јавност дека ќе станат хомосексуалци. Јас цел живот гледам хетеро парови како прават разни работи пред мене, па сепак сум геј (иако го преферирам и не се срамам од зборот педер, и се надевам поради користењето на овој збор мојот кометар нема да биде избришан зашто сметам дека зборот не е вулгарен). Сескуалната ориентација е вродена и надворешни фактори неможат да ја сменат. Она што привидно би изгледало како „заразување со хомосексуалност“ всушност е прифаќање на фактот дека лицето не е хетеро, дека тие чувства кон истиот пол постоеле но биле потискани долго време.

ОкоБоли главаВицФото