Пештера

20.02.2019 16:37

На ѕидовите ништо,
само влага се слева.
Мрачно е и студено тука.

Но мрачно и студено
по згаснат оган.
Ништо ‒ но после бизонот
сликан со окер.

Ништо ‒ ама ништо одложено
по долго противење
со поднаведната глава.
Значи, Ништо Убаво.
Достојно за големо слово.
Ерес наспроти тековното ништожество,
непреобратен и горд заради разликата.

Ништо ‒ но по нас
кои бевме тука,
и срцата свои ги јадевме,
и крвта своја ја пиевме.

Ништо, или нашата игра е
недоиграна.
Твоите први крај пламенот
нозе, раце, вратови, лица.
Моите први свети стомаци
со малецки паскали.

Тишина ‒ но по гласовите.
Не од родот на тромите тишини.
Тишина што некогаш свои грла,
свирчиња и тапани имала.

Ја калемеле тука како врз дивјак
писок, смеа.

Тишина ‒ ама во мрак
подигнат со очните капаци.
Мрак ‒ но во студенило
низ кожа, низ коска.

На земја можеби една,
на небо? можеби седмо?

Си се измозгал себеси од пустошот,
и сакаш многу да знаеш.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото