Карикатури од брачниот живот

21.02.19 02:20

Познатата сплитска сликарка Тисја Кљаковиќ Браиќ, последните неколку месеци ги засмејува своите пријатели со карикатурите што ги објавува на социјалните мрежи. Секојдневните брачни ситуации за кои многумина велат дека се специфични токму за далматинскиот начин на живот, таа ги прикажува искрено и без разубавување.

Со карикатурите почнала сосема случајно и на почетокот ги покажала само на пријателите, а потоа почнала да ги објавува на социјалните мрежи каде станаа хит: „умирам од смеење“, „генијално“, „го погоди Тисја во хаику стил“...се неколку од стотиците коментари.

„Многу размислување ја убива креативноста, а не можете да создавате уметност со предумисла. Кога почнав да ги цртам карикатурите не размислував како да ја насмеам публиката, ма воопшто не размислував. Ги направив да се насмеам себе и своите пријатели. И затоа испаднаа толку добро“, вели Кљаковиќ Браиќ.

Таа е родена во Сплит, има 38 години, дипломирала сликарство на Академијата на ликовни уметности и досега има направено околу 40 изложби. Нејзините дела се наоѓаат во збирката на Музејот на модерна уметност во Загреб и во приватни колкеции. За себе вели дека е локал патриот и дека никогаш нема да го напушти Сплит. Во ноември, минатата година нејзините карикатури се обавени во книгата под наслов „Тие“.

Извор: Jutarnji list

 

ОкоБоли главаВицФото