Мексико сити од спомените на Алфонсо Куарон

21.02.2019 03:17
Мексико сити од спомените на Алфонсо Куарон

Во филмот „Рома“ постои еден лик, кој на екранот се појавува само за миг. Сеедно, тој остава длабок впечаток. Тој е продавач на сладок компир. Сè што слушаме за него е свирежот кој се претвора во врисок, а потоа се губи и бледнее во некаква жалосна смрт.

„Толку проклето меланхолично“, вели Алфонсо Куарон, кој го напиша сценариото и го режираше филмот, високо оценет од критиката. Тој живее во Лондон, но на кратко дојде во Мексико сити да го промовира филмот и уште еднаш да се потсети на сликите и звуците од улиците на неговото детство што го инспирираа за „Рома“.

„Со свирежот секогаш оди чувството на осаменост“, вели тој.
Куарон (57) и јас бевме заглавени во сообраќајот на Мексико сити. Тој го промовираше својот филм, се надева – иден оскаровец и ми ја покажуваше населбата во којашто пораснал, Рома.

Во овој филм, продавачот на сладок компир има друштво: ѓубреџијата кој во раката држи ѕвоно, острачот на ножеви кој дува во флејта, некој друг го вика своето куче.

Овие звуци се дел од чудесниот звучен пејсаж на Мексико сити и им се познати на жителите денес, исто како што било во седумдесеттите години на минатиот век, кога се случуваат настаните во филмот „Рома“.

Филмот се базира на настини од животот на Куарон. „Рома“ е приказна за една работничка и нејзините газди, мексиканско семејство од средната класа коешто се распаѓа.

Но, всушност филмот е приказна за Мексико во тоа време.
Иако поголемиот дел од филмот е снимен во ентериер и улиците си го нашле своето место во него, како да сакаат да нè потсетат дека овој град е јунак сам за себе. „Тоа беше и мојата намера“, вели Куарон.

Така, филмот многу повеќе зборува за поширокиот општествен контекст, отколку за семејството за кое станува збор.

Додека вртевме кон Рома, покажувајќи ми ги зградите во арт нуво и арт деко стил, Куарон ми вели: „Ова е прекрасен крај, погледни ја само оваа архитектура!“

Рома се развила на почетокот на дваесеттиот век како елитна градска населба. „Кон средината на векот многу луѓе се отселиле во центарот на градот и во други помодерни населби кои почнале да се развиваат на периферијата на градот, тоа биле луѓе главно од средната класа“, објаснува Енрике Краусе, мексикански историчар.

„Годините 1970 и 1971, кои Куарон ги прикажува во филмот биле лабораторија на вистинскиот, а не идеализиран соживот, со своите престижни училишта, кабареа и бордели“, пушува Краусе во есејот за филмот.

Во 1985 година, Рома била тешко погодена од разорен земјотрес, но успеала да закрепне и да се обнови, а во последната деценија повторно стана хип и буржоаски дел од градот.

Се паркиравме и тргнавме и тргнавме пешки по улицата. Куарон застана на раскрсницата меѓу авениите „Инсурхенетес“ и „Бах Калифорнија“. Оваа раскрсница од седумдесеттите години се појавува во филмот кога главниот лик Клео трча по децата. Но на екранот овие улици изгледаат многу потивки и поуредени, онакви како што запаметил режисерот.

„Кога ќе дојдете овде, како да се остварил сонот за космополитизмот и модерноста во кои тогаш почна да живее Мексико сити“, истакнува Куарон. Тој пораснал во близина, на улицата Тепејжи број 21.

Куарон и неговата екипа биле исклучително педантни во оживувањето на работите онакви какви што навистина биле. Најмногу внимание посветиле на реконструкцијата на куќата од детството на Куарон. Го прашав зошто бил толку опседнат со деталите на својата куќа, кога толку малку луѓе би можеле да ги забележат разликите.

„Јас би ги видел. Мексико сити е место на константна тензија помеѓу она што е и она што бил, за мене е место исполнето со историја“, ми одговори.

Чистачката ја преминува улицата и се приближва кон неговата куќа. Потоа зеде кога и почна да ја мие фасадата и приодот кон куќата.

„Овој звук!“, викна Куарон воодушевено.

Филмот почнува со сцената во која Клео со вода и метла го чисти приодот кон влезната врата на куќата и тој изгледа задоволен со овој пресек на животот што ја имитира уметноста која го имитира животот. И покрај сè што се променило, некои работи, за среќа, останале исти какви што ги запамтил.

Извор: The New York TImes