Занесот на културните лихвари!

22.02.2019 14:26
Занесот на културните лихвари!

Овој краток спој меѓу некои културни работници и Министерство за култура веднаш ги извади на повидок желбите за моќ на некои од културњаците и целосната збунетост на бирократите.

Културњаците се оние кои себе си дале за улога тие да бидат прашани кога ќе се одлучува, од сега па натака. Бидејќи сè друго што на нивниот вкус не им е баш културно, не заслужува поддршка. За нив култура е тесниот круг на ре-продукција на Скопјанската баналност веќе 10 или 20 години. Културата може да иде даље само ако го помине тестот под бркот на чика редитељ.

Отишле тие, и во име на целата КУЛТУРНА ЈАВНОСТ (што и да е тоа), се договориле со министерот „во конструктивна атмосфера на дијалог“!?

 Прво, кога и како ја дефиниравте културната јавност?! Или, по инерција, по тој ужасен елитистички алтернативен клуч, „е па ние сме си, два-тројца, си се знаеме“. Ако себеси си даваш таква улога, тогаш самиот имаш сериозен проблем. А камоли да претендираш да оформуваш некаква културна нишка.

„Договорено е да се утврдат строги критериуми!“ ЕЈ, ОВИЕ ДОГОВОРИЛЕ СТРОГО, НЕМА ЛАБАВО! Од каде вие одма станавте инстанца која договара критериуми, закони и постапки?! Сериозно, од каде легитимитет. Министерот барем е таму по некоја си логика на претставничка демократија. А вие? И сега вие сте договарале СТРОГО, за вашите колеги, другарки, пријатели.

 И предлог за на крај: ајде да ги разгледаме критериумите на Општина Центар и Град Скопје. А, што викате? Или таа цицка не се чепка?

 Слика: Four Color Process

Слични содржини

Став
Став / Култура

ОкоБоли главаВицФото