Сенка

22.02.2019 17:59

Мојата сенка како дворски шут зад кралицата.
Кога кралицата од столче ќе стане
шутот на ѕидот се накострешува
и во плафонот со глупавата глава удира.

Можното во светот на двете димензии
на свој начин боли.
Можеби на шутот при мојот двор му е лошо
и себе друга улога си посакува.

Кралицата низ прозорец ќе се наведне
а шутот од прозорецот долу скока.
Секоја активност ја поделиле
но не на половина.

Простакон врз себе ги земал гестовите,
патосот и целата негова бесрамност;
тоа е сè за што сила немам
‒ за круната, жезлото, кралскиот плашт.

Ќе бидам, ах, лесен при движењата на рамињата,
ах, лесен при вртењето на главата,
кралу, при нашето простување,
кралу, на железничката станица.

Кралу, во тоа време шутот,
кралу, ќе легне врз железничките шини.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото