Што ни е Крива Паланка што сме Подмочани

23.02.2019 02:31
Што ни е Крива Паланка што сме Подмочани

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Дарко Настески, Златко Гиров, Оливера Ќорвезироска, Брадестиот Џо и Анастасов Тале.


Тања Аждаја
Сарамзалино звучи ко да знае што сака.


Дарко Настески
Кладник сѐ повеќе наликува на градска населба!


Тања Аждаја
Ќе кажував и за Пела, ама гонија.


Дарко Настески
Немој ни за Италија, батали ја.


Тања Аждаја
А и што ни е Крива Паланка што сме Подмочани.


Дарко Настески
Ни Бардовци не е во Демир Хисар.


Тања Аждаја
Ехе, сега ама лупна... од лошо Полошко.


Дарко Настески
Во Староец, старец не остана.


Златко Гиров
Кога се збори за Сарамзалино, Другово може да биде било кое село.


Тања Аждаја
Дарко, знам еден, не е стар, ама Ко стар ика.
Златко, ама ако ставиш Р во Тетово може да е и третово.

Дарко Настески
Ни Бурма не е тоа што беше.
Ни Цејлон не е тоа што би.
И зошто персиски килим а не ирански басиму живите. What is dead may never die.


Тања Аждаја
Живеам во белимбегово, работам во студенилово.


Златко Гиров
Тања, после две, ако го смениш Т со П, ќе биде петово.


Оливера Ќорвезироска
Супер зимска грејографија!


Златко Гиров
Јазикот ни е мастрафлија.


Тања Аждаја
А фејсбукот парно од нотификација.


Оливера Ќорвезироска
Златко, убаво пресечена, логичка филија.
Тања, ќе ти спелетам нов профил.


Златко Гиров
Оливера, во Штип викаме момичка, па ти сфати си како сакаш.


Оливера Ќорвезироска
У Куманово (хари) кришка.


Брадестиот Џо
Одлична продавничка со тераса има покрај патот, со услужлив газда... Со месни нарезак и ладно пиво, добиваш гратис вегета и чачкалици за боцкање.


Златко Гиров
Убаво сервирано на стар весник. Седите на гајби од пиво. Доаѓа некое од вашите дечиња, газдата му дава карамела. Плаќате на рабуш. До први.


Анастасов Тале
Од Сарамзалино ми е коренчето.


Слики: Wayne White

 

ОкоБоли главаВицФото