Карл Лагерфелд како фотограф

23.02.19 05:15

Карл Лагерфелд освен што беше генијален моден дизајнер, од 80-тите години се занимавал и со фотографија. Неговите дела се изложени во галеријата „Gmurzynska“ во Цирих, Швајцарија, каде ја имал и првата изложба во 1996 година.

„Карл континуирано и бестрашно ја истражуваше авангардата на фотографските процеси; комбинирајќи го своето совршено чувство за композиција со неговиот голем интерес за изгубените истории на медиумот ", велат Кристина Гмуржинска и Матијас Расторфер, сопственици на галеријата.

„Неговото длабоко познавање на историјата на уметноста отсекогаш било јасно илустрирано со секогаш исклучително свежи начини во неговиот творечки процес низ кои создаде дела што и во иднина ќе влијаат врз фотографијата и уметноста воопшто".

Ретроспективната изложба на фотографии од Карл Лагерфелд  во Цирих ќе биде отворена до 19 мај. 

Извор: mymodernmet.com

ОкоБоли главаВицФото