Јанакиевски и Спировски треба да имаат посебни мерки на заштита во затвор

25.02.2019 02:40
Јанакиевски и Спировски треба да имаат посебни мерки на заштита во затвор

Зошто требаше да бидат преземени посебни мерки на внимание и на заштита за да не се дозволи она што им се случи на Јанакиевски и Спировски во затворот Скопје?

1. Заради тоа што барањето за азил на Груевски се базира меѓу другото и врз тврдењето дека за него не е безбедно отслужување на казната затвор во македонски затвор. Тоа значи дека во овој период мора да се посвети посебно внимание на сигурноста во затворите за да се докаже спротивното.

2. Се работи за поранешни високи функционери во власта кои може да имаат широк круг на непријатели или да бидат од посебен интерес за повеќе затвореници.

3. Се работи за луѓе кои се во притвор кои имаат помали права од оние кои веќе отслужуваат казна затвор и треба да имаат и поголема заштита.

4. Можни се различни вистински или исценирани напади (со помош на затвореници, затворски чувари, управа на затворот) кои можат да бидат искористени во политичката борба во престојните претседателски избори.

5. Затоа што секогаш останува она чувство дека ако на ваков калибар затвореници може да им се случи ова, тогаш што останува за другите.

6. Затоа што во низа пресуди на Европскиот суд за човекови права ни е посочено дека доколку не се истражи секој случај на насилство во затворот од страна на објективен и независен истражен орган, тогаш може да станува збор за тортура која некој сака да ја прикрие. Тортурата не мора да заврши со скршени коски и крв. Таа може да биде и во вид на постојана закана и создавање на крајно застрашувачка атмосфера.

Затоа ве молам, немојте да се пенавите и разберете ја сериозно работата и посебно дајте бре од тоа партијата на власт не давајте вмровски изјави.

Слика: Свирачиња