Французинките го возвраќаат ударот

26.02.2019 03:10
Французинките го возвраќаат ударот

Пред некој ден бев на вечера со група парижанки кога некој го спомна францускиот писател Јан Моа. Набрзо, на масата избувна кавга. Една жена тврдеше дека Моа има право да го каже своето мислење, колку и да е тоа одвратно, додека другите инсистираа дека тој треба само да замолчи.

Моа не е неонацист, ниту расист. Минатиот месец, во интервју за француското издание на „Мари Клер“, тој само призна дека не го привлекуваат жени кои имаат 50 години, туку дека повеќе сака 25 –годишни Азијатки.

„Телото на 25-годишна девојка е неверојатно. Телото на 50-годишна жена воопшто не е неверојатно“, објаснил Моа.

За него не доаѓа предвид да се вљуби во 50–годишна жена: жените на тие години за него се невидливи.

Неговите зборови не се особено шокантни. Не е тајна дека некои постари мажи сакаат помлади жени. Кога истражувачите од Универзитетот Мичиген ги следеле пораките на американска интернет страница за запознавање, откриле дека најбарани биле 18-годишните девојки, а најпосакувани биле мажите на околу педесет години (точно колку што има Моа).

Ова дури не е ни исклучиво работа на машкиот поглед на светот. Честопати и самите жени сметаат дека младото тело изгледа подобро: модните страници во истиот број на списанието „Мари Клер“ претставуваат модели што се речиси тинејџерки.

Сепак, Моа предизвика медиумска бура, бидејќи средовечните жени го нападнаа во весниците, на телевизија, социјалните мрежи и на подкаст емисиите.

„Не изгледаш ни ден помладо од 65 години“, му напиша една жена на Твитер, „Се надевам дека ќе бидеш осамен до стотата“, му „твитна“ друга. Ги навредуваа неговите писателски способности и неговите подочници, цело време полемизирајќи околу неговата проблематична психа. Најдобрите досетки се објавуваа во списанијата (неколку француски критичарки посебно се осврнаа на наклоноста на писателот кон жени од Азија и сугерираа дека тој најверојатно се пали на стереотипот за нивната субмисивност).

На страниците на сисанијата османаа фотографии на средовечни актерки кои изгледаат фантастично за да се негира ставот на Моа за постарите жени. Една 52-годишна жена, француска писателка објави фотографија на својата восхитувачки затегната задница, а потоа истото тоа го направија уште стотици жени, како што тврди самиот Моа („би сакал жените да престанат да ми праќаат фотографии од нивните задници и гради“, изјавил тој).

Моа и порано ја провоцирал јавноста со своите изјави. Меѓутоа, овојпат тој направи двоен грев: неелегантност и индискретност. Како јавна личност, тој требало да ја игра улогата на „заводник“ кој кокетира со публиката. Кога рекол дека не би спиел со некои од нив, тоа го расипа расположението. А во земја во која се живее според максимата дека не треба секогаш да се каже вистината, треба да се знае што не може да се каже и кои делови на личниот живот треба да останат скриени, тоа е клучна социјална вештина.

Моа се обиде да објасни дека тој е само заробеник на своите склоности и на стравот од стареење. Неговите врски со помлади жено често болно завршувале само по неколку месеци, а тој живее во вечна адолесценција.

„Тоа не е нешто на кое треба да ми се завидува, тоа е тажно“, кажал во една емисија на француската телевизија. Неговата нова книга зборува за страдањето по раскинувањето на љубовната врска.

Спалната соба некогаш била место кадешто Французинките владееле, но #Me Too ги направи чувствивтелни на дискриминациите со која постојано се соочуваат. Истражувањата покажуваат дека е многу поверојатно дека Французинката по 50-тата година да остане сексуално активно, отколку нејзнината врсничка во Америка. Французите на оваа работа гледаат малку поинаку: сите имаат право на њубов и секс, а „сите години се убави“.

Сепак, да се биде жена што старее не е толку едноставно. Потребни ви се деликатни внатрешни штелувања за да ги држите под контрола контранаративите и останатите „bien dans votre age“ – односно да сте во добри односи со своите години.

Оттаму и колективното задоволство што на францускиот писател некој му покажа каде му е местото. Тој и Мишел Уелбек, исто така познат француски писател чиишто главни ликови често се револтирани заради стареењето на жените го претставуваат „последниот ред на еротската маскулина моќ која сè помалку и помалку е општествено прифатлива“, напишала Сесил Дом за весникот „Liberasion“. Париските весници и списанија кои ги уредуваат жени што Моа ги смета за невидливи, изгледаат како контранапад: на насловната страница на списанието „Гала“ е 51 – годишната Џулија Робертс („50 – па што!“, стои во насловот), а на насловната страница на списанието „Ел“ е тв водителката Карин Ле Маршан (50).

Рекламата за Musee de l’Homme, антрополошкиот музеј во Париз, го прикажува костурот Луси, стар 3,2 милиони години. „Неверојатна жена постара од 50 години“, стои во описот.

Моа инсистира дека за него има надеж. До моментот кога ќе наполни 60 години, педесетгодишните жени ќе изгледаат младолики.

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото