Последна желба - да се види изложбата на Рембрант

26.02.2019 04:37
Последна желба - да се види изложбата на Рембрант

Холандска фондација им ја исполнува последната желба на смртно болни да ја видат изложбата на Рембрант.

Хуманитарна организација која на смртно болни луѓе им  овозможува да го посетат Рајкс музејот во Амстердам за последен пат, вели дека за големата изложба на Рембрант очекува повеќе барања од кога било. Изложбата „Сѐ од Рембрант“, со која се одбележуваат 350 години од неговата смрт, се отвори на 14 февруари и на едно место ги собира сите негови дела што се наоѓаат во поставките на холандските национални музеи.

Кес Фелдбур, основач на фондацијата „Последна желба“, досега има организирано повеќе од 50 тури во најголемиот музеј во Амстердам и смета дека новата изложба со 400 дела на славниот уметник ќе сакаат да ја видат и многу повеќе тешко болни лица.

„Ангажирани сме преку цела година и дневно исполнуваме желби на шест луѓе“, вели Фелдбур, кој ја почнал фондацијата со својата сопруга Инеке пред повеќе од десет години.

Голем број луѓе имаат желба за последен пат да си го видат домот, морето или зоолошката градина, додека посетите на музеи се случуваат кога тие се затворени за јавност. Болното лице притоа е придружувано од медицинска сестра.

„За последен пат бевме во Рајкс музеум во декември, а неодамна имавме и една посета на музејот на Ван Гог“, вели Фелдбур.

Извор: artnet

 

 

ОкоБоли главаВицФото