Најчевска казнета за учество во Шарената револуција, Ирена Ристиќ собира пари

27.02.2019 03:38
Најчевска казнета за учество во Шарената револуција, Ирена Ристиќ собира пари

Професорката и активистка за човекови права, Мирјана Најчевска објави дека добила казна од 200 евра за фрлање боја на објекти во државна сопственост за време на Шарената револуција

Најчевска добила две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдила дека е одговорна за фрлањето боја.

Таа на својот Фејсбук профил напиша:

„Ете денес ми стигнаа две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдува дека сум одговорна за фрлање боја на објекти на државата и ме задолжува да платам 200 евра. Тоа е онаа комисија која е под надлежност на теологот министер за внатрешни работи кој дојде на власт како резултат на шарената револуција, чиј дел бев и јас, а којашто се состоеше токму во фрлање боја на институциите запоседнати од страна на режимот на Груевски со цел избегнување на кој било облик на насилство.

Имам намера да го оспорам решението пред Управен суд, да поведам постапка за дискриминација и да му плукнам на Заев и на неговиот потрчко теолог кој го поставил за министер за внатрешни работи под прозорец. И ги повикувам моите другарчиња од шарената револуција кои во моментов топлат фотелјчиња во власта да преземат нешто со цел запирање на натамошната виктимизација на учесниците во шарената револуција кои не ги сместија задниците во фотелјите во власта.

ЈАС ОВА ГО РАЗБИРАМ КАКО ОБИД ДА БИДАМ ЗАМОЛЧЕНА, КАКО ОБИД ДА ЗАПРАМ СО КРИТИКА НА БИЛО КОЈ ШТО СЕ НАОЃА НА ВЛАСТ И ОБИД ДА БИДЕ УНИШТЕН ГЛАСОТ НА ОНИЕ НЕЗАВИСНИТЕ КОИ НЕ ПРИПАЃААТ НА НИТУ ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА.

ВЛАСТА КОЈА НЕ ТРПИ КРИТИКА Е МРТВА И НЕМА НИКАКВА ИДНИНА“, вели Најчевска во статусот на „Фејсбук“.

Откако Најчевска објави дека е казнета, актерката и активистка Ирена Ристиќ, преку социјалните мрежи предложи да се соберат пари за казната на професорката.

„Симболике ради, треба да се екипираме ние неколку души и да собереме средства за казната на Најчевска и со свечена церемонија и пренос на тв, да ги уплатиме!

Она не смее денар да плати!

И да ги поздравиме Павле, Рада, Зоки и остали лоши стрелци!

*лајк ќе значи 100 денари, а у коментар пишете ако давате поише.“, пишува Ристиќ.

 

 

Слични содржини

Општество / Активизам
Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото