Сосем сама на улица

27.02.2019 12:06

Среќна и

Покосена од муабетите

Во кооперација на ќошот

Од продавничето Шушумига

Каде што веќе не даваат на вересија

Минувачите со кучиња на ланец

И рачен багаж на тркалца

Продавачките што го знаат секој детал од моето

Минато и прекажаното идно

Мојот плакар

моето портфолио

Мојата меил адреса што ја менувам

Со брзина на улична дрндупка

Што се продлабочува при секоја не намерна

промена на власта

Со секој нов идентитет

Уште поголема дупка, заедно со

Етикетите на мојот куфер, нераспакуван

после последната сигурносна проверка за

Балкански емигранти

Во посебен дел од аеродромот

Каде што мириса на кроасан со мортадела

Во пакет со цезар салатата

Од којашто излегува едно мало кубети

И преку устата на мртвата кокошка

Добива необична звучна димензија и

Вели „Зар и ти сине, крилце печено

Реши да си одиш?“

Фино ти стоеше улога на храна

И улога на експеримент

На овој турбо полуостров

Соткаен од полулаги

Полувистини и трети половини во сенка

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото