Цутење на црешите

28.02.19 03:30

Јапонскиот студиски тим за уметност и технологија, teamLab себеси се нарекува колектив кој „ги истражува новите односи меѓу луѓето и светот преку уметност која ги надминува границите".

Познат по своите извонредни инсталации кои користат технологија за создавање интерактивна уметност, најновото дело на teamLab си поигрува со традицијата додека гледа кон иднината.

Нивната инсталација „Forest of Resonating Lamps – One Stroke, Cherry Blossoms“ е ново извонредно искуство инспирирано од пролетта и може да се види во музејот „Borderless digital art“ во Токио.

 Гледачите шетаат низ просторија исполнета со светилки од Мурано стакло, кои реагираат на нивното движење со емитување на светлина, која потоа резонира до соседните светилки.

Извор: mymodernmet.com

Слични содржини

Око

ОкоБоли главаВицФото