Се имам изневерувано себе со други

01.03.2019 17:37
Се имам изневерувано себе со други

 

Мекнееш. Тврдам.


Како сум среќна, ко да ми фали нешто.


Ај направи ми малце место за паника.


Заедно сме посами.


'Ти' ∈ (-∞, me) U (me, ∞) = 'Туѓа си бескрајно'


Со себе сум ради парите.


Се имам изневерувано себе со други.


Милион пати сум била со будалите и никогаш ме немаат фатено.


Таква е она, со ептен брз метаболизам. И дечко бара, али ништо не ѝ се фаќа.


Ќе ја прескокнам серијава стомачни, гледана ми е.

Ај дојади ме, да не се фрлам.


Би те гледала со голо око, ама имам и срам и перде.


Јас жедна за твојата љубов, а ти можеш само вода да ми носиш.


Јас будна, а он ко од сон.


Ја знаеш Јулија? Јулија бе, ромеопатката.


Анализата на љубовната изјава се претвори во обдукција на моментот.


Покажуваш особен интерес и успех во моето свиѓателство за тебе.


Ми се допаѓа твојата искреност. Дојди да ми го запалиш плинското в кујна.


Имаш да ми дадеш одмазда на заем? Одма ти ја враќам.

Пчелка збира мед во цутот на младоста.


Пчела работничка летува на Ажурниот брег.


Трутољубива пчелка заминува на пчелабарство во друг сандак.


Две пчелки тренираат за Работнички, третата си седи во кош.


Либертѐ полжав има јавна куќа.


Мравка купува бумбар-телевизор и му ги подесува антените.


Го однесов прасето во Пача на паштета, ја проба и рече: „Моја нога во тоа веќе не стапнува!“


„Не, не може да ми бидеш милениче прасе! Сто пати ти реков дека си ми за пача, имаш ли ти уши?!“


И тогаш малата лама му рекла на тигарот: „Стој или мајка ми ќе плука!“
А тигарот ѝ рекол на ламата: „Детево е толку лигаво - плукнато ти“.

Oтвараш кафич „Аладин“ и служиш џин во ламба.


Експрес лонец иде на anger management и станува бокал.


Краток фитиљ преполага за издувен вентил.


Дување во шише е бонгоХУлие.


Вуница се сплеткала со нарко-конец и завршила на игла.


Две пуканки се препуцаваат која е попченкаста.


На лактозонската обвивка ѝ се родило тетрапакче. Ќе им одам на млекици.


Ќесичка чај влегува во шолја со топла вода и на рачката закачува знак НЕ ВОЗНЕМИРУВАЈ.


На чело на супените зеленчуци стои пашкан, кој раководи со пашканатот.


Волшебното самарче се товари со кражба на летечки килими.


Штурци на крајот од тунелот.

Слики: Julie Cockburn

 

ОкоБоли главаВицФото